Close Menu
Press24
    Најново

    По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората

    29.06.2026 во 20:01

    Стојаноски: СДС го блокира Изборниот законик за да му купи време на Филипче или бара алиби за пораз

    29.06.2026 во 19:57

    (ВИДЕО) Млад човек извлечен жив од урнатините по цели 106 часа по катастрофалниот земјотрес

    29.06.2026 во 19:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората
    • Стојаноски: СДС го блокира Изборниот законик за да му купи време на Филипче или бара алиби за пораз
    • (ВИДЕО) Млад човек извлечен жив од урнатините по цели 106 часа по катастрофалниот земјотрес
    • Избувна голем пожар во фабрика за мебел, противпожарни екипи од два града се на терен
    • Туристка касната од најотровната змија во Албанија
    • Лекарите се бореа за неговиот живот 6 дена – почина едногодишнотот дете кое дедо му го прегази со трактор
    • Тело на новороденче пронајдено во вреќа во парк – Хорор ја потресе Франција
    • СДСМ: ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората

    По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората

    29.06.2026 во 20:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена постапка на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија да започнат расправа по овој предлог.

    Предлогот до законодавниот дом е доставен од група пратеници, меѓу кои Милошоски, Таири, Стојчевски, Беџети и Василевска, а со измените се предвидува електронско гласање на дијаспората и измени во државното финансирање на партиите.

    Образложувајќи ја скратената постапка, предлагачот посочи дека за решението се дискутирало четири месеци во Министерството за правда, каде учествувале речиси сите партии, освен СДСМ која подоцна се повлекла.

    „Во рамките на овие дискусии се согласивме околу 28 препораки на ОДИХР, коишто беа консензуално прифатени. Во работната група во Министерството за правда за ниту една тема немаше надгласување и секогаш се одеше со консензус. Ќе имаме можност тие работи да ги дискутираме и за време на собраниската и за време на комисиската седница“, изјави Милошоски.

    Во однос на изборниот модел, Милошоски укажа дека и покрај барањата за една изборна единица, поради недостиг на консензус, останува сегашното решение со шест изборни единици. За дијаспората појасни дека е постигнат договор за безбедно електронско гласање по примерот на Франција и Естонија.

    „Морам да напоменам дека учестото на претставници од ДИК, Државниот завод за ревизија, АВМУ и Антикорупциска беше од голема помош, бидејќи овие институции излегоа со свои перпоаки кои во најголем дел беа прифатени како да се направат измени во Изборниот законик кои на овие институции може да им го олеснат спроведувањето на изборите, во смисла да бидат демократски, фер, транспарентни и ефикасни“, изјави Милошоски.

    Тој додаде дека за моделот за користење средства за изборно рекламирање бил постигнат едногласен консензус во работната група, што го оцени како солидно унапредување на нормите.

    „Немаше ниту една партија која надгласала друга или некои преставници на политички партии да занемариле предлог на други колеги од политичките партии и ценам дека овој постигнат консензус од најголем број од политичките партии кои учествуваа во Работната група во Министерството за правда треба да се цени како солидно постигнување и унапредување на нормите на Изборниот законик. Согласно тоа сметам дека би било добро во скратена постапка истиот да биде усвоен и поддржан консензуално од сите политичк партии во Собранието“, порача Милошоски.

    Од опозицијата, координаторот на СДСМ Оливер Спасовски побара точката да биде симната од дневен ред, потсетувајќи дека партијата ја напуштила работната група во моментот кога мнозинството одлучило да го измени Законот за влада.

    „Точно е дека СДСМ започна да работи во работната група којашто беше за подготовка на Изборниот законик, но мора да потсетиме дека ја напуштивме во моментот кога одлучивте како парламентарно мнозинство да го измените Законот за влада, кој исто така, е донесен со консензус. На самата работна група на почеток укажавме дека носењето на Изборниот законик треба исклучиво да биде со консензус помеѓу политичките субјкети“, појасни Спасовски.

    Симнување на точката побараа и пратениците Сашко Јанчев од Левица, кој нагласи дека нема консензус, како и Моника Зајкова, која укажа дека се симулира консензус. И покрај трите поединечни гласања, предлозите за симнување беа одбиени, по што Собранието со 57 гласа „за“ го усвои дневниот ред со Изборниот законик како единствена точка.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови

    29.06.2026 во 18:52

    Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

    29.06.2026 во 16:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.