Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали

    Димитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали

    29.06.2026 во 18:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија.

    Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на конкурентноста на македонската економија.

    Намалувањето на царинските стапки ќе придонесе за намалување на трошоците на компаниите, особено во преработувачката индустрија, и ќе овозможи подобри услови за производство и извоз. Мерката е насочена кон зајакнување на извозната конкурентност на домашните компании, зголемување на инвестициите, отворање нови работни места и обезбедување повисок девизен прилив во државата.

    Измените се подготвени во консултација со стопанските комори и претставуваат продолжение на реформите започнати минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше реализирано првото намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки што важат во Европската унија.

    Со новите измени се предвидува целосно усогласување на царинските стапки за овие производи со стапките што се применуваат во Европската унија, при што се земени предвид и правилата на Светската трговска организација.

    “Со усвојувањето на овој закон испраќаме јасна порака дека сме посветени на создавање поконкурентна и поотпорна домашна економија. Од 1 јули компаниите ќе имаат пониски трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што директно ќе влијае врз нивната продуктивност, конкурентност и извозен потенцијал. Нашата цел е македонските компании да имаат услови што се споредливи со оние во Европската унија, да инвестираат повеќе, да отвораат нови работни места и да создаваат поголема додадена вредност во економијата“, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Таа нагласи дека Владата продолжува да спроведува политики кои обезбедуваат предвидливо и поволно деловно окружување и силно партнерство со бизнис-заедницата, со крајна цел забрзување на економскиот раст и обезбедување повисок животен стандард за граѓаните.
    Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.