Close Menu
    Најново

    (ВИДЕО) Катастрофален пожар во Загреб: Гори облакодерот Вјесник

    18.11.2025 во 09:13

    УХМР предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и силен ветер

    18.11.2025 во 09:04

    Две жени истепале маж кој им работел во дворот

    17.11.2025 во 23:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Катастрофален пожар во Загреб: Гори облакодерот Вјесник
    • УХМР предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и силен ветер
    • Две жени истепале маж кој им работел во дворот
    • Само во Белгија: Баба дрво пијана ја возела својата внука – остана без возачка
    • Уапсени три лица – полицијата им најде дрога
    • Хорор во Нигерија: Од интернат киднапирани 25 девојчиња
    • Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
    • ФСБ спречи обид за атентат врз висок руски функционер со експлозија скриена во вазна со цвеќе
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Авионот на Трамп за влакно избегнал судир со патнички авион

    Авионот на Трамп за влакно избегнал судир со патнички авион

    17.09.2025 во 20:59Updated:17.09.2025 во 21:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Авионот на американскиот претседател „Air Force One“ бил вмешан во драматична ситуација во воздухот со патнички авион додека во вторникот вечерта го превезувал претседателот на САД Доналд Трамп кон Велика Британија.

    Според пишувањата на Дејли Мејл, повикувајќи се на извештаи на CBS и на „Блумберг“, контролор на летање морал итно да интервенира кога забележал дека патеката на авион на компанијата „Spirit Airlines“ се приближува до претседателскиот авион над Лонг Ајленд.

    Летот „Spirit Airlines 1300“ патувал од Форт Лодердејл кон Бостон кога контролорот забележал дека двата авиони летаат на слична висина и на приближни патеки над Њујорк. Во аудиоснимка објавена на социјалните мрежи се слуша како контролорот повеќепати им наредува на пилотите на авионот „Spirit Airbus SE A321“ да ја променат насоката, со сè погласен тон поради нивната бавна реакција.

    „Свртете веднаш 20 степени надесно“, наредува гласот на контролорот, додавајќи: „Сообраќајот е лево од вашето крило на околу осум милји. Сигурен сум дека гледате кој е – внимавајте на него, бел е и син“.

    Како што станувал сè понервозен, контролорот дури им рекол: „Морам двапати да зборувам со вас за секоја наредба… обрнете внимание… спуштете го тој iPad“, пред повторно да ја издаде истата наредба.

    Според прелиминарните податоци од Flight Radar, двата авиони се приближиле на околу 17 километри еден од друг на конвергентни патеки.

    Доналд Трамп безбедно слета во Лондон и ја започна својата втора официјална посета на Велика Британија.

    Featured Just In Top News
    Популарно

    ФСБ спречи обид за атентат врз висок руски функционер со експлозија скриена во вазна со цвеќе

    17.11.2025 во 22:36

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29

    Со возило се обидел да удри полицајци

    17.11.2025 во 22:17

    Уапсени три лица – полицијата им најде дрога

    17.11.2025 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.