Close Menu
Press24
    Најново

    Коцкарниците се селат на 500 метри од училиштата, целосно се гасат светлечките реклами – Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри

    29.06.2026 во 16:22

    Малолетници управувале со возилата во Скопје и Гостивар – полицијата ги приведе

    29.06.2026 во 16:16

    Апсења во Македонија: Паднаа десет лица

    29.06.2026 во 16:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Коцкарниците се селат на 500 метри од училиштата, целосно се гасат светлечките реклами – Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри
    • Малолетници управувале со возилата во Скопје и Гостивар – полицијата ги приведе
    • Апсења во Македонија: Паднаа десет лица
    • Ристовски: За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра
    • Уставниот суд организираше тркалезна маса на генералните секретари на балканските уставни судови
    • Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата – фокусирани сме на реализирање на капитални проекти
    • Милошоски: Левица одби да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик во чие изготвување учествуваше
    • Филипче: Реконструкцијата е замена на Курто со Мурто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коцкарниците се селат на 500 метри од училиштата, целосно се гасат светлечките реклами – Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри

    Коцкарниците се селат на 500 метри од училиштата, целосно се гасат светлечките реклами – Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри

    29.06.2026 во 16:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом.

    Новото законско решение за игрите на среќа и за забавните игри беше донесено со поддршка од 60 пратеници кои гласаа „за“, додека 20 беа „против“.

    Обраќајќи се пред пратениците, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека подесените амандмани за законот биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии и детално образложи што точно предвидуваат новите законски одредби.

    „Прво, дислокацијата на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде резултати за нивна дислокација од училиштата е оддалеченоста од 500 метри, најбезбеден пат на објектот од основното или средното училиште. Понатаму, значително се ограничува рекламирањето. Светлечките реклами нема да ги има. Ќе бидат тргнати и младите нема да бидат изложени на тој, би рекол, агресивен маркетинг којшто постојано сме сведоци сите, ни се случува пред очи“, рече заменик-министерот за финансии.

    Тој додаде дека во иднина рекламите ќе бидат строго димензионирани и нема да смеат да содржат пораки кои ветуваат лесен успех.

    „Единствено ќе биде дозволено во димензии, големина на реклама од 100 сантиметри на 30 сантиметри, којашто ќе биде истакната на самиот објект и каде што ќе биде само истакнат називот на тоа трговско друштво без никаква парола или некое мото коешто ќе предизвика како некој резултат за извесен финансиски успех или некој пат до личен успех доколку се влезе во тој објект“, објасни Јанкуловски.

    Како клучна новина во контролата на оваа индустрија, заменик-министерот го посочи воведувањето на современи дигитални алатки за следење на прометот.

    „Понатаму, исто се воведува задолжителното GPS поврзување, односно информации коишто ќе ги добива Управата за јавни приходи од самите VLT машини, апарати и така натаму, казината, и ќе има информација за тоа што се случува подетално во оваа индустрија. Исто така ќе се знае многу полесно со дигитализацијата кои се лиценцирани, а кои не се лиценцирани објекти“, рече Јанкуловски, нагласувајќи дека со ова се врши и усогласување со Комитетот при Советот на Европа за спречување на тероризам и перење пари Moneyval.

    Јанкуловски исто така порача дека доколку во имплементацијата на законот се покажат аномалии, државата веднаш ќе пристапи кон негови нови измени.

    Од опозицијата излегоа со став дека понудените решенија не се доволно рестриктивни. Амар Мециновиќ од Левица кажа дека тие нема да гласаат за законот бидејќи нивните амандамни не биле прифатени, појаснувајќи дека побарале рестрикции за рекламирање на коцкарници вклучувајќи ги и социјалните мрежи, како и ограничување на промовирање на коцкање.

    За законот, кој се носеше во редовна постапка, дебатираа и други пратеници кои сметаат дека предложеното законско решение треба дополнително да се подобри.

    Претходно пратениците ја утврдија потребата за носење на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, како и Предлог на закон за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на државата. Двата закони се носат по скратена постапка и се дел од пакетот поврзан со Реформската агенда.

    Пратениците попладнево продолжуваат со интензивна работа, при што Собранието ќе одржи уште една нова седница на која на дневен ред ќе бидат измените на Изборниот законик, предложени од група пратеници, а закажани се и продолженијата на уште четири други седници.

    Прочитај повеќе

    Малолетници управувале со возилата во Скопје и Гостивар – полицијата ги приведе

    29.06.2026 во 16:16

    Апсења во Македонија: Паднаа десет лица

    29.06.2026 во 16:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.