Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не импровизирам, пишувам текстови инспириран само од вистински случки – Пријателите се збогуваат од маестро Владо Јаневски

    Не импровизирам, пишувам текстови инспириран само од вистински случки – Пријателите се збогуваат од маестро Владо Јаневски

    29.06.2026 во 00:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалните мрежи се преплавени со емотивни статуси на јавни личности, новинари и пријатели од младоста кои се простуваат од кантавторот Владо Јаневски, откривајќи детали од неговите почетоци во Скопје.

    Јулијана Штрковска-Колариќ се присети на неговите тинејџерски денови поминати во скопската населба Чаир и првите чекори во музиката.

    „Царство Небесно за Владо Јаневски! Се знаевме од тинејџерски денови, уште кога членуваше во групата „Тост Сендвич“, заедно со Агим Јонуз и да не ги набројувам другите чаирски романтичари. Другарувавме некогаш, а како растевме, се среќававме случајно и тогаш знаеше да ми каже дека ме гледа како убаво се трансформирам од девојче во девојка и веќе жена. Да, поминаа времиња и оставија траги од животот. Според мене како стареам, млад се упокои. Ама, како пееше некогаш … и да умрам млад, ич не ми е гајле… Почивај во мир!“, напиша таа.

    Познатата новинарка Соња Алексоска Неделковска го сподели своето сеќавање за првата професионална средба во Гостивар и неговиот пристап кон пишувањето песни.

    „Втората половина на деведесеттите. Бев водителка во гостиварското радио „Супер Нова“. Ми рекоа добро да се подготвам, затоа што мој гостин ќе биде Владо Јаневски. Немав трема, туку пријатна возбуда. Истиот ден ја водев и неговата промоција во дискотеката „Авалон“. Тоа беше нашата прва професионална средба. Со годините често се среќававме по разни професионални поводи. Последен пат, на прес-конференцијата по повод најавата на концертот со Бајага, си направивме мерак муабет за создавањето текстови. Ми рече: „Не импровизирам. Пишувам текстови инспириран само од вистински случки.“ Ех… да можеше ова да биде само импровизиран текст за некого, НЕКОГАШ И НЕГДЕ. А не приказна инспирирана од една болна вистина. Летај, Владо, во височините. Твоите текстови ќе живеат и ќе болат уште повеќе“, нагласи таа.

    Мартин Јованоски во својата порака потенцираше дека неговите приказни им помогнале на многумина да поминат низ тешки животни фази.

    „Секогаш првата асоцијација за Владо ми e песнава и настапов. “Не зори зоро” е една од ретките песни на кои секогаш плачам и се смеам истовремено, текст посилен и од најубавата поезија, текст кој може да искрши и камен на илјада парчиња. Пораснавме со Владо, со неговите песни ги поминавме и детството, и младоста…ги слушаме и сега. Колку само кризи, падови и маки минаа побрзо покрај неговите приказни, покрај неговите хитови. Почивај во мир и ти благодарам Маестро! Никогаш нема да бидеш заборавен!“, сподели Јованоски.

    Борче Трајковски испрати последен поздрав во кој ги вметна насловите и мотивите од неговите најпознати евергрини.

    „Почивај во мир Владо Јаневски… Некогаш и негде ќе се сретнеме пак, можеби на романтична вечер во чаирски парк, кога сите запалки ќе се запалат а стрелките на часовниците на полноќ ќе се бакнат, и ќе викнеш ајде дечко уште едно литро дај, нека не’ разбие црно тиквешко, и да нема крај. Ќе сјаеш вечно ко светулка во мрак… Фала ти Владо Јаневски за се’, и слава ти…“, се вели во неговиот статус.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.