Close Menu
Press24
    Најново

    Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура

    28.06.2026 во 14:42

    Врие во Македонија: Температурите во 14 часот надминаа 37 степени – еве каде е најжешко

    28.06.2026 во 14:38

    Ги тепале сопругите и ќерките – Тројца насилници уапсени, една жена на распит во полиција

    28.06.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура
    • Врие во Македонија: Температурите во 14 часот надминаа 37 степени – еве каде е најжешко
    • Ги тепале сопругите и ќерките – Тројца насилници уапсени, една жена на распит во полиција
    • Цветановски: Две години со Тошковски имаме распад на безбедносниот систем и партизирана полиција
    • Новитет во соседството: Вработените ќе добиваат продолжен викенд секој месец
    • Николоски: Со автопатот Прилеп – Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа
    • Франција регистрираше 1.000 мртви од најсилниот топлотен бран во Европа
    • Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на УНЕСКО: Потребен е поголем ангажман за Охридскиот регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура

    Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура

    28.06.2026 во 14:422 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата Вреди ќе раководи со вкупно шест министерства по најавената владина реконструкција, потврдија денеска од партиското раководство.

    Станува збор за ресорите за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, со кои во иднина ќе управува овој коалициски партнер.

    Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет.

    Во рамки на овие промени, веќе е извесно дека ќе има кадровски освежувања во два важни ресори, но конкретните решенија сè уште се усогласуваат.

    Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.

    Официјалните информации беа соопштени за време на настанот со кој коалицијата одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција, каде Сали одговараше на новинарски прашања.

    „Се уште нема финално име за правда и култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека перформираат добро во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е од нашите“, истакна Сали.

    Тој појасни дека разговорите во рамки на мнозинството се во тек, но позициите за шесте наведени министерства се веќе фиксни.

    Според Сали, се додека траат преговорите има отворени теми, но министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, сигурно ќе и бидат доверени на Вреди.

    Прочитај повеќе

    Цветановски: Две години со Тошковски имаме распад на безбедносниот систем и партизирана полиција

    28.06.2026 во 13:48

    Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на УНЕСКО: Потребен е поголем ангажман за Охридскиот регион

    28.06.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.