Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Чудо во Венецуела: Поминало три дена под урнатините, спасено 11-годишно дете по разорниот земјотрес

    Чудо во Венецуела: Поминало три дена под урнатините, спасено 11-годишно дете по разорниот земјотрес

    28.06.2026 во 10:522 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Спасувачките екипи во Венецуела извлекоа 11-годишно момче од урнатините повеќе од три дена по серијата разорни земјотреси што ја погодија земјата, информираат светските медиуми.

    Информацијата ја потврди привремената претседателка Делси Родригес, која соопшти дека детето било извадено живо во Карабаледа, во сојузната држава Ла Гуаира. Таа на социјалната платформа Икс објави и видеоснимки од спасувањето, нагласувајќи дека секој спасен живот е извор на надеж за земјата.

    Локалните итни служби водат интензивна битка со времето за да пронајдат уште преживеани под урнатините, со оглед на тоа што од катастрофалните потреси веќе поминаа неколку дена. Како што пренесуваат медиумите, хуманитарните организации укажуваат дека првите 48 до 72 часа се клучни за преживувањето, но спасувања се можни и по подолг период доколку заробените лица имаат пристап до вода и воздух. Претходно, екипите успеаја да спасат и новороденче, 32 часа по последователните потреси.

    Паралелно со спасувачките акции, црната биланс во земјата продолжува да расте. Претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригес, соопшти дека бројот на загинати досега се искачи на 1.430 лица, додека официјално се регистрирани 3.238 повредени.

    Состојбата на терен останува критична поради огромниот број лица кои сè уште не се лоцирани во најпогодените региони.

    Раководителот на хуманитарните операции на Обединетите нации Том Флечер изјави дека повеќе од 50.000 луѓе се водат за исчезнати и додаде дека не е исклучено овој број значително да порасне, имајќи ја предвид исклучително сложената спасувачка операција што се одвива во најпогодените области.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.