Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа, раководството организира караван

    28.06.2026 во 10:25

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат

    28.06.2026 во 10:14

    Македонија денеска ја зафаќа нов топлотен бран, од среда пресврт

    28.06.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа, раководството организира караван
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат
    • Македонија денеска ја зафаќа нов топлотен бран, од среда пресврт
    • Повредени деца претепани во училишен двор во Струга – напаѓачите кривично ќе се гонат
    • Драма во Дојран: Струен удар повредил скопјанец додека работел на викендица
    • Без возачка седнал зад волан па искршил три автомобили во Струмица
    • Скопјанец пронајден починат во домот на подрачјето на Карпош
    • Гори во Гази Баба и Липково
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа, раководството организира караван

    СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа, раководството организира караван

    28.06.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Огромниот пад на рејтингот, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите, го принудуваат Мицкоски да бара нов начин да го раздели опозицискиот блок, бидејќи и ВМРО ја губи поддршката од граѓаните.

    Европска иднина со ЗНАМ?

    Каква смеурија.

    Партија која е дел од тендер коалицијата со организираната криминална група ВМРО, која од Македонија направи слепо црево на Балканот, сега зборува за европска иднина. 

    Во исто време кога највисоките функционери на оваа Влада, вклучително и од ЗНАМ, си обезбедија бугарско државјанство и имаат фирми во Бугарија.

    Додека караванот минува, тие делат последни тендери и пари за да ја наплатат својата улога на сателит на Мицкоски на последните избори, кога ја издадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

    Наместо да се соочат со економскиот колапс, наместо да одговорат зошто Буџетот е празен, зошто пензиониот фонд е загрозен и зошто Македонија е целосно изолирана од европскиот пат, тие прават политички театар.

    Здружението на Максим Димитриевски и уште неколку квислинзи од СДСМ, ЗНАМ никогаш не беше вистинска политичка сила. 

    Тоа беше инструмент во рацете на Мицкоски. Сега кога тој инструмент се распаѓа, тие се обидуваат да го продолжат неговиот живот преку караван и празни слогани.

    Но граѓаните веќе ја препознаа играта.

    Караванот е театар додека се делат тендери.

    Новиот проект на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 е веќе во создавање, само овој пат граѓаните знаат и не се наивни.

    Доага време вистина и правда!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат

    28.06.2026 во 10:14

    Муцунски од Дубровник форум: Регионалната соработка и европската интеграција во фокусот на средбите

    27.06.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.