Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски од Дубровник форум: Регионалната соработка и европската интеграција во фокусот на средбите

    27.06.2026 во 14:46

    Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција

    27.06.2026 во 14:23

    Шпанската полиција лоцираше киднапирано девојче на Косово

    27.06.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски од Дубровник форум: Регионалната соработка и европската интеграција во фокусот на средбите
    • Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција
    • Шпанската полиција лоцираше киднапирано девојче на Косово
    • Автомобил се забил во полна кафеана – ужас во регионот
    • Градежни блокови паднаа врз две деца за време на игра – хорор го потресе соседството
    • Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија
    • Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител
    • Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Дубровник форум: Регионалната соработка и европската интеграција во фокусот на средбите

    Муцунски од Дубровник форум: Регионалната соработка и европската интеграција во фокусот на средбите

    27.06.2026 во 14:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија билатерални средби на маргините на Дубровник форумот, посветени на европските интеграции, регионалната безбедност и економската соработка.

    За време на разговорите со високите дипломатски претставници, Муцунски ги отвори темите за инфраструктурните проекти, трговската размена и одржувањето на стабилноста во регионот.

    Информирајќи за деталите од дипломатските средби, Муцунски истакна:

    „Регионалната соработка, билатералните односи и европската интеграција во фокусот на средбите на маргините на Дубровник форумот. На маргините на Дубровник форумот остварив повеќе билатерални средби посветени на унапредувањето на политичката, економската и безбедносната соработка. Со заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Мехмет Кемал Бозај, разговаравме за унапредување на политичката, економската и трговската соработка. Се согласивме дека неодамна одржаниот бизнис форум и интензивниот политички дијалог отвораат нови возможности за продлабочување на партнерството.“

    Покрај економските релации со Турција, македонскиот шеф на дипломатијата разговараше и со претставници на меѓународните безбедносни институции и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

    Во продолжение на својот извештај, министерот ги наведе и останатите клучни разговори:

    „Со директорот на RACVIAC, Мирослав Шчепановиќ, разговаравме за регионалната безбедносна соработка, зајакнувањето на довербата, отпорноста кон современите безбедносни закани и поддршката на евроатлантските интеграции. Со раководителот за политички прашања во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Олег Левитин, разменивме мислења за унапредување на соработката во поддршка на економскиот развој, инфраструктурните и енергетските проекти, како и реформските процеси поврзани со европската интеграција. Со Marijana Petir, пратеничка во Хрватскиот парламент и поранешна европратеничка, разговаравме за европската перспектива на државата, кредибилитетот на политиката на проширување и можностите за натамошно зајакнување на политичката соработка и регионалната стабилност.“

    Прочитај повеќе

    Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција

    27.06.2026 во 14:23

    Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија

    27.06.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.