Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија

    27.06.2026 во 13:37

    Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

    27.06.2026 во 13:29

    Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%

    27.06.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија
    • Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител
    • Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%
    • Василевска: СДСМ зборува за ЕУ, а бега од работни групи и не гласа за реформски закони
    • Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини
    • „Безбеден град“ регистрираше над 120.000 прекршоци за пет месеци – драстично намалени жртвите на патиштата
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на Вардариште, главниот град ќе добие нови бели дробови
    • Андоновски со отчет за дигитализацијата: Македонија со скок од 22 места на индексот на Светска банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија

    Лефков: Филипче ја избира антимакедонската политика и ги премолчува потезите на Софија

    27.06.2026 во 13:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за пасивност во однос на последните дипломатски случувања со Бугарија.

    Според Лефков, опозицискиот лидер свесно избегнува да упати критика кон официјална Софија по објавувањето на документ со чувствителни безбедносни информации за премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

    Во своето обраќање пред медиумите, пратеникот Лефков истакна:

    „Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската. Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.“

    Од владејачката партија реагираат дека ваквото однесување претставува прекршување на основните дипломатски правила од страна на бугарските власти, за што опозицијата моментно молчи.

    Дополнително, Лефков додаде дека СДСМ редовно ги оправдува туѓите позиции на штета на домашните интереси:

    „За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста. Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси. Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања.“

    Прочитај повеќе

    Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%

    27.06.2026 во 13:24

    Василевска: СДСМ зборува за ЕУ, а бега од работни групи и не гласа за реформски закони

    27.06.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.