Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%

    27.06.2026 во 13:24

    Василевска: СДСМ зборува за ЕУ, а бега од работни групи и не гласа за реформски закони

    27.06.2026 во 13:18

    Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

    27.06.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%
    • Василевска: СДСМ зборува за ЕУ, а бега од работни групи и не гласа за реформски закони
    • Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини
    • „Безбеден град“ регистрираше над 120.000 прекршоци за пет месеци – драстично намалени жртвите на патиштата
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на Вардариште, главниот град ќе добие нови бели дробови
    • Андоновски со отчет за дигитализацијата: Македонија со скок од 22 места на индексот на Светска банка
    • Трагедија: Загина битолчанец во тешка сообраќајка
    • Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%

    Кузеска: ВМРО покажа тотална негрижа, откупот на земјоделски производи е намален за 46,2%

    27.06.2026 во 13:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи дека во изминатите две години е извршено целосно уништување на македонското земјоделство.

    Според неа, ниту едно ветување за сигурен откуп, загарантирани цени и повисоки субвенции не е исполнето, а сите земјоделски гранки во моментов се соочуваат со сериозни проблеми.

    Како клучни аргументи за ваквите тврдења, Кузеска ги соопшти следните податоци:

    • Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%.
    • Финансиската поддршка наместо ветените 180 милиони евра е намалена за 40 милиони евра.
    • Цената на млекото е намалена за 10 денари, а субвенциите за крави паднаа од 12.000 на 8.000 денари.
    • Законот за вино се крши две години и не се објавува производната цена за сортите Вранец и Смедеревка.

    Опозицијата обвинува дека се укинати авансните исплати и дека на земјоделците сè уште им се должат неисплатени средства од 2025 година, иако законскиот рок за исплата истекува на 30 јуни 2026 година. Критики беа упатени и за стопирање на капиталните проекти во водостопанството, како и за состојбата со ИПАРД 3 фондовите.

    Кузеска во своето официјално обраќање истакна:

    „Две години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство. Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем – сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците. Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО! За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството.“

    Прочитај повеќе

    Василевска: СДСМ зборува за ЕУ, а бега од работни групи и не гласа за реформски закони

    27.06.2026 во 13:18

    Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место

    27.06.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.