Close Menu
Press24
    Најново

    Алиу од Гостивар: Со законските измени секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни за органодарителство

    27.06.2026 во 10:57

    Тошковски со двогодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    27.06.2026 во 10:51

    Усвоен новиот Закон за оружје: Се воведуваат електронски услуги и нови правила за граѓаните

    27.06.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алиу од Гостивар: Со законските измени секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни за органодарителство
    • Тошковски со двогодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • Усвоен новиот Закон за оружје: Се воведуваат електронски услуги и нови правила за граѓаните
    • Тошковски од Идризово: Нема недопирливи и селективност
    • Дневен хороскоп: Лавовите во центарот на вниманието, Биковите да внимаваат на парите, а што ве очекува вас
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција ги блокираат законите од Реформската агенда
    • СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 38 степени, попладне невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу од Гостивар: Со законските измени секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни за органодарителство

    Алиу од Гостивар: Со законските измени секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни за органодарителство

    27.06.2026 во 10:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата.

    „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? Нашата задача е да градиме доверба и да создадеме систем во кој семејството однапред ќе ја знае волјата на својот близок. Органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болнички ходник, во мигови исполнети со трагедија. Треба да зборуваме дома, во семејствата, во училиштата, на факултетите, меѓу лекарите и пациентите – јавно и без предрасуди“, истакна во своето обраќање министерот Алиу.

    Во таа насока, Министерството за здравство спроведува континуирана национална кампања за подигање на свесноста за органодарителството како траен процес на едукација. Паралелно, се работи на вклучување на матичните лекари, училиштата, универзитетите, пациентските здруженија и верските заедници, со цел ова прашање да стане дел од зрел и информиран јавен дијалог. Истовремено, се обезбедува континуирана поддршка за трансплантациските тимови и се подготвува дигитална и правна рамка во која волјата на граѓаните ќе биде јасно изразена, безбедно евидентирана и доследно почитувана.

    „Во тек е постапката за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е доставен во Собранието по скратена постапка. Со тоа државата покажува дека органодарителството не го третира само како морално прашање, туку и како јавен приоритет. Собранието испрати силна порака на единство и консензус за зајакнување на органодарителството со тоа што од страна на пратениците од власта и опозицијата беше изгласана потребата од носење на законот по скратена постапка. Кога станува збор за животот, нема власт и опозиција, нема политичка разлика што може да биде поважна од должноста да покажеме дека државата знае да биде на страната на човечноста, достоинството и надежта. Предложените измени претставуваат важен чекор кон систем во кој личната волја на граѓаните ќе биде појасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана“, истакна Алиу.

    Со законските измени, секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството.

    Измените предвидуваат и проширување на можностите за лекување преку проширување на кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, при целосно почитување на сите етички, медицински и законски стандарди.

    „Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Ова е важно од два аспекта. Прво, ќе ја почитуваме личната слобода и волја на секој човек. Второ, конечно како држава ќе знаеме колку граѓани сакаат да бидат органодарители. Ќе знаеме каде има поголема информираност, а каде постојат страв, недоверба или недоволно знаење за органодарителството. Кога системот ќе започне со примена, јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител“, порача министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    Тошковски со двогодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    27.06.2026 во 10:51

    Усвоен новиот Закон за оружје: Се воведуваат електронски услуги и нови правила за граѓаните

    27.06.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.