Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

    27.06.2026 во 10:15

    Времето денеска сончево и топло со температури до 38 степени, попладне невреме

    27.06.2026 во 10:07

    Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

    26.06.2026 во 23:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 38 степени, попладне невреме
    • Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?
    • Едно лице загина во сообраќајна несреќа на Плетвар
    • Хороскоп за сабота: Еден знак да очекува понуда за брак
    • Запален пасатот на адвокатот Алиспахиќ
    • Рекордни температури во Германија: Измерени 41 степен
    • Мицевски: СДСМ блокира закони од реформската агенда, побарани од ЕК – Макединија повеќе нема зложник на политички блокади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

    СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

    27.06.2026 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит, велат од СДСМ.

    „Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји. 

    Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок.

    Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“.

    Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега – создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е да го ослабнат опозицискиот блок и да му обезбедат дополнителни гласови на следните избори.

    Огромниот пад на ВМРО од 150.000 гласови, целосно урнатиот рејтинг на Мицкоски поради лаги и економски колапс, како и фактот дека граѓаните сфатија дека биле измамени на минатите избори, го принудуваат да размислува за предвремени избори.

    Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат, дополнително, како дел од широкиот граѓански Фронт за вистина и правда, претставува сериозна закана по неговата власт. 

    Затоа му е потребен нов сателит, ново орудие кое ќе работи на повеќе страни и ќе се обиде да го повтори сценариото од минатите избори.

    Ова е класичен пример на политичко инженерство од најлош вид. 

    Наместо да се соочи со реалните проблеми на граѓаните, Мицкоски продолжува да гради паралелни структури чија единствена мисија е да ја одржат неговата власт преку манипулација и поделба на гласовите.

    Мицкоски не прави нова политичка сила. Тој прави нов механизам за контрола на изборниот процес и за поделба на опозициските гласови. Исто како што го правеше и со ЗНАМ.

    Двапати истата лага нема да помине. Граѓаните не се наивни.

    Доаѓа времето на вистината и правдата.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: СДСМ блокира закони од реформската агенда, побарани од ЕК – Макединија повеќе нема зложник на политички блокади

    26.06.2026 во 22:26

    Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

    26.06.2026 во 20:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.