Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски: СДСМ блокира закони од реформската агенда, побарани од ЕК – Макединија повеќе нема зложник на политички блокади

    Мицевски: СДСМ блокира закони од реформската агенда, побарани од ЕК – Макединија повеќе нема зложник на политички блокади

    26.06.2026 во 22:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    -СДСМ БЛОКИРА ЗАКОНИ ОД РЕФОРМСКА АГЕНДА.

    Нема да дозволиме да се закочат реформските закони што значат напредок на државата и исполнување на обврските побарани од Европската комисија – токму оние реформи што вие не успеавте да ги реализирате изминатите седум години.

    СО ВАША ОПСТРУКЦИЈА ИЛИ БЕЗ НЕА, ОВИЕ ЗАКОНИ ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ! МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА ВАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ БЛОКАДИ И НЕСПОСОБНОСТ!

    Во моментот е 22:10 часот, а пратеничките групи на СДС и ДУИ, кои ја понижија државата и ја доведоа до најниско можно ниво, повторно работат спротивно на интересите на граѓаните и на Македонија.

    Со нивните постапки ги блокираат реформските закони од суштинско значење – законите за основното и средното образование, како и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Наместо да овозможат усвојување на решенија што ќе го унапредат образовниот систем и ќе ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, тие повторно избираат политичка блокада на штета на граѓаните.

    Ние остануваме во Собранието онолку долго колку што е потребно, затоа што нашата обврска е кон граѓаните, а не кон дневнополитичките пресметки.

    Ќе направиме сѐ овие законски решенија да бидат донесени, бидејќи тие носат конкретни придобивки и подобар квалитет на живот за сите. Македонија нема време за блокади – време е за работа, реформи и резултати. Интересот на граѓаните секогаш ќе биде над партиските интереси, а иднината на државата ќе ја градиме со дела, а не со опструкции, пишува Мицевски во својата објава.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.