Close Menu
Press24
    Најново

    Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

    26.06.2026 во 20:48

    Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско – има превртено товарно возило

    26.06.2026 во 20:23

    Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии

    26.06.2026 во 19:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба
    • Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско – има превртено товарно возило
    • Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии
    • Папа Лав Четиринаесетти: Војната никогаш не е благословена од Бога
    • Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид
    • Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит
    • Иран и САД воспоставија комуникациска линија во Ормуската Теснина
    • Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

    Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

    26.06.2026 во 20:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    -Бил Али Ахмети во Бутел и на јавен говор ги повикал Албанците во општина Бутел да се обединат. Но, за што?

    Ако Ахмети бара обединување, тоа, според мене, пред сè е заради криминал, поточно за негово лично богатење и за богатењето на неколкумина негови послушници. Тоа е првото.

    Второ, за градење згради и создавање урбан хаос, кој нему лично и на неколкумина други им носи финансиски бенефит. Секоја чистинка во Бутел, секој парк, тие го гледаат како место за облакодер и бетонски хаос.

    Додека Ахмети и ДУИ имаа можност да им помогнат на Албанците во Бутел, додека беа на власт, не најдоа начин ниту да обезбедат чиста вода за пиење за жителите на Љуботен, ниту нова градинка во Бутел 2. Денес тоа е веќе завршена работа, но не благодарение на него.

    ДУИ 2017-2021 имаше и заменик градоначалник на општина Бутел, а богами и “градоначалник” тој период ќе остане како најтемен во историјата на оваа убава општина. За среќа еден куп планови од тој период целосно ги поништив.

    Ете, кога тој сè почесто индиректно ми се обраќа, јас ќе му се обратам директно: Јас работам на соживот, сакам мир и работам на тоа преку проекти и конкретни резултати, а не со голи говори прикладни за 19 век.

    Тоа што навеќе ве боли е дека Бутел не е на продажба, за тие ваши обиди во некоја друга прилика.
    Заедно со граѓаните остануваме цврсто да го штитиме Бутел од хаос, од бандити, криминалци и урбана мафија.

    Општина Бутел секој ден станува сè поубаво место за живеење. Тие што не ѝ мислат добро на општината уште долго ќе гледаат од трибините, ќе навиваат, ќе свират, ќе навредуваат, но нема да играат. Така сакаат граѓаните, со доминантно мнозинство.

    „Граѓаните не сакаат поделби и празни ветувања. Сакаат улици, паркови, градинки, училишта, спортски центри, чиста вода, безбедност и ред. Токму тоа е мојот фокус и така ќе продолжам да работам за секој жител на Бутел, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.“

    Морам да истакнам дека во таа борба покрај граѓаните со мене е владата, со целосниот свој капацитет. Секако лично е тука и претседателот Христијан Мицкоски, лично, пишува Костовски во својата објава.

    Прочитај повеќе

    Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии

    26.06.2026 во 19:57

    Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници

    26.06.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.