Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници

    Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници

    26.06.2026 во 18:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа.

    „Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со општ консензус која ќе ги вклучи сите чинители во образовниот и научниот процес… Овде нема ништо од ова коешто го ветувавте. Токму овој процес е направен без било каква инклузивност, без било каква дебата, размена на мислења, ставови, консултации со стручната фела.“ рече Лукаревска.

    Таа предупреди дека најавената оптимизација ќе донесе затворање на училишта, намалување на работните места и дополнително иселување од руралните средини.

    „Кои се критиките коишто секојдневно стигнуваат од јавноста? Затворање или спојување на училишта, особено во руралните средини, намалување на работните места… Со ова ќе се намали и квалитетот на наставата и најбитно што е еден поразителен процес во нашата држава во моментов, а ќе се засили иселувањето и во иднина. Наместо технолошки вишок на наставниците, фокусот треба да ни биде модернизација, дигитализација и подобрување на квалитетот на наставата… Ќе се сведеме со поделба на наставниците на подобни и на неподобни, на заслужни и на незаслужни. Ќе решаваме човечки судбини, ќе правиме лото.“ рече Лукаревска.

    Како пример за контрадикторностите на Владата, Лукаревска посочи дека во исто време се најавува затворање паралелки, а се градат нови училишта.

    „Во Општина Струмица се најавува прва фаза на оптимизација или во превод затворање на паралелки, намалување на број на часови и огромна неизвесност кај наставниците… Другата реалност е дека се најавува ново училиште во Карпош. Ако има потреба од оваа непопуларна реформа, бидејќи нема доволно ученици и има вишок наставнички кадар, зошто тогаш се отвора и ново училиште?“ додаде таа.

    Таа предупреди дека едногодишниот период на прераспределување создава огромен страв кај наставниот кадар.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.