Close Menu
Press24
    Најново

    Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

    26.06.2026 во 17:12

    Ангелов појаснува: Нема целосна забрана за движење во шумите, се воведуваат задолжителни дозволи

    26.06.2026 во 17:04

    Србин дивеел со 221 км/ч на автопатот кон Гевгелија – полицијата го притвори и му го одзеде „бмв“-то

    26.06.2026 во 16:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
    • Ангелов појаснува: Нема целосна забрана за движење во шумите, се воведуваат задолжителни дозволи
    • Србин дивеел со 221 км/ч на автопатот кон Гевгелија – полицијата го притвори и му го одзеде „бмв“-то
    • Полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода 18 возачи
    • Млада гостиварка трпела долгогодишно малтретирање од партнерот, па решила да го пријави, полицијата му нашла и пушка
    • Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование
    • Драма во Виница – Го натепал татко си, сестра си и внуката во семејниот дом
    • Избувна пожар на поткровје во Центар: Пет лица завршија во болница поради вдишување чад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

    Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

    26.06.2026 во 17:124 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство.

    Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

    -Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим. Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите – се вели во соопштението од МП.

    Со новото законско решение, од МП посочуваат, дека значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството.

    -Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници. Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности – стои во соопштението од МП.

    Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба.

    Со донесувањето на Законот за судска служба, од МП, нагласуваат дека се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство.

    Новиот закон за јавнообвинителска служба, како што информираат од МП, претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства.

    Законот воведува посебен систем за управување со човечките ресурси, со поедноставени и поефикасни постапки за вработување, намалена зависност од надворешни институции и избор на најстручните и најквалитетните кадри.

    – Особено внимание е посветено на кариерниот развој на јавнообвинителските службеници. Се воспоставува јасна вертикална кариера и реални можности за професионално напредување до највисоките раководни позиции во службата. Со законот значително се зајакнува и улогата на Советот на јавнообвинителска служба, кој добива пошироки надлежности во областа на кадровската политика, дисциплинската одговорност и заштитата на правата на вработените, што дополнително придонесува за изградба на професионална, независна и одговорна јавнообвинителска служба – стои во соопштението од МП.

    Една од најзначајните придобивки е и унапредувањето на материјалната положба на вработените.

    -Законот воведува нов систем за пресметка на платите, со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата. Со тоа се обезбедуваат поголема финансиска сигурност, правична валоризација на трудот и подобра мотивација на вработените, а согласно колективниот договор предвидено е и етапно зголемување на платите – стои во соопштението од МП.

    Истовремено, се воспоставува потранспарентен и поефикасен систем на дисциплинска одговорност, со прецизно дефинирани дисциплински повреди, дисциплински комисии и право на жалба пред Советот на јавнообвинителска служба, со што се гарантира дополнителна заштита на правата на службениците.

    Законот овозможува и поголема флексибилност во управувањето со човечките ресурси преку појасно уредени механизми за распоредување и преземање на службеници меѓу јавните обвинителства, со што ќе се обезбеди побрзо пополнување на работните места и поефикасно искористување на расположливите кадровски капацитети.

    Прочитај повеќе

    Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование

    26.06.2026 во 16:15

    Тренчевска: Владината реконструкција е само шминка

    26.06.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.