Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов појаснува: Нема целосна забрана за движење во шумите, се воведуваат задолжителни дозволи

    Ангелов појаснува: Нема целосна забрана за движење во шумите, се воведуваат задолжителни дозволи

    26.06.2026 во 17:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одлуката за воведување ограничувања за движење во шумите не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција преку издавање дозволи, појасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Според него, мерката е превентивна и има цел да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот со високи температури.

    Првиот човек на ДЗС децидно укажува дека граѓаните и натаму ќе можат да ги посетуваат овие места, но под строго утврдени правила.

    „Движењето во шума всушност не се забранува, само се воведува обврска да се извади дозвола која служи за евиденција“, изјави Ангелов.

    Оваа рестрикција доаѓа во време кога високите температури и сувото време драстично го зголемуваат ризикот од избувнување на пожари на отворен простор низ земјава.

    Поради тоа, надлежните институции апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат огнена стихија.

    Ограничувањето е донесено од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со одредбите од Законот за шумите.

    Како што е веќе утврдено, одлуката ќе почне да се применува во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.