Close Menu
Press24
    Најново

    Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование

    26.06.2026 во 16:15

    Драма во Виница – Го натепал татко си, сестра си и внуката во семејниот дом

    26.06.2026 во 16:07

    Избувна пожар на поткровје во Центар: Пет лица завршија во болница поради вдишување чад

    26.06.2026 во 15:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование
    • Драма во Виница – Го натепал татко си, сестра си и внуката во семејниот дом
    • Избувна пожар на поткровје во Центар: Пет лица завршија во болница поради вдишување чад
    • Невреме го зафати Велес
    • ЦУК: Гори во Штип и Липково, изгаснат пожарот на депонијата во Банско
    • УХМР со итно предупредување: Пороен дожд и грмежи во два региони, еве каде невремето се движи
    • Ужас во Скопје: Потстанар се обидел да изврши обљуба врз жена која престојувала во истиот дом
    • Нападнал 71-годишна велешанка и ѝ ја скршил вратата: Приведен 31-годишник со 1,1 промили алкохол
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование

    Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование

    26.06.2026 во 16:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жестока дебата меѓу власта и опозицијата се разви на денешната собраниска седница посветена на измените на Законот за основно образование.

    Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Од друга страна, пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата.

    Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се сведат наставниците на подобни и неподобни и наместо подобрување на квалитетот на наставата, ќе се намали квалитетот и ќе се засили иселувањето во иднина.

    Нејзината партиска колешка Даниела Николова посочи дека предложените измени дополнително ќе ги централизираат процесите кај централната власт.

    „Општината е основач на основните училишта, зошто е потребна согласност од министерството“, праша Николова.

    Пратеникот Миле Талевски од СДСМ побара прецизна информација за бројот на училишта кои ќе се затворат, како и за тоа колку наставници ќе станат технолошки вишок.

    „Ова е тотална импровизација, затоа предлагам да го повлечете овој закон“, рече Талевски.

    На овие обвинувања одговорија пратениците од мнозинството, кои потенцираа дека најавената оптимизација не значи кратење на работни места во секторот.

    „Се затвораат основни училишта и тоа не е затоа што некој е неспособен. Има силен процес на изградба на објекти во основното образование. Ниту еден наставник нема да остане без работа, туку работните часови ќе ги исполни со воннаставни дејности и ќе им помага на учениците“, нагласи Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Пратеничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ додаде дека целта на оптимизацијата е подобра организација на наставата и правилно трошење на јавните пари, посочувајќи ги демографските проблеми како клучна причина за намалениот број на деца.

    „Имаме и план и визија. Денес 174.040 основци што е над 6.500 ученици помалку отколку годината претходно и тоа не е последица на оптимизацијата, туку на сите негативни демографски политики што ги воведте вие и тогаш не понудивте никакви решенија“, рече Ангелова.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Владината реконструкција е само шминка

    26.06.2026 во 14:42

    Божиновска: Македонија направи јасен избор – нашата иднина е зелена и енергетски сигурна

    26.06.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.