Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Владината реконструкција е само шминка

    Тренчевска: Владината реконструкција е само шминка

    26.06.2026 во 14:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во  дебатата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ24, нагласи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, туку обид само козметички да се прикрие фактот дека по две години владеење резултатите изостануваат, и нема да донесе никаков напредок на државата. Тренчевска посочи дека наместо промена на политики и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, јавноста повторно гледа замена на министри и функции, без гаранција дека тоа ќе донесе било каков позитивен импулс.

    „Во последните две години има едно големо нула за сѐ, за целокупната состојба во државата, за сите ресори, дали е тоа економија, социјала, здравство, култура, спорт, било каде, една голема, голема нула. Не сметаме дека некаква шминка, промена на одредени имиња ќе даде некаков позитивен импулс и ќе се подобрат. Затоа што овие министри што ќе се сменат, и социјала, и култура, и спорт, па тие не работеа ниту пред една година и зошто се чекаше да поминат две години“, рече Тренчевска.


    Во дебатата, Тренчевска посочи дека власта потфрли во она што е најважно за граѓаните и државата, економијата и животниот стандард, додавајќи дека економските показатели регистрираат падови кои власта се обидува да ги прикаже како успех,  а кој граѓаните не го чувствуваат.

    „Има пад на странски инвестиции од две третини, 76,1% на годишно ниво, има пад на вработени во индустрискиот сектор за 3%. Индустриското производство, ако земеме во овој квартал од 2026 година, кумулативно е зголемено за 0,2%. Во јануари 2026 минус, пад од 6,6%, така во февруари имате минус, пад од 4,2%, и во април имате 7,6%, и вие излегувате и се фалите. Растот на бруто-домашниот производ – кога ќе прашаме дали граѓаните живеат подобро со тоа што се фалите, ќе кажат не, затоа не го гледајте еднострано растот на БДП, гледајте кога се поставува прашањето дали граѓаните живеат подобро, а не живеат, тоа значи дека имаме нестабилна економија“, рече Тренчевска.

    Таа додаде дека Владата на ВМРО  нема стратегија за одржливи финансиски политики и грубо го крши Законот за буџети.

    „Дефицитот е потрошен во мај за Буџетот за 2026 година и се задолжувате, и го зголемувате дефицитот со ребалансот, излегувате надвор од почитувањето на законската рамка. Оттука, реконструкцијата на Владата, дали промената ќе биде на дел, дали ќе биде цела Влада, нема да донесе ништо позитивно, ниту ќе ја раздвижи економијата, ниту пак ќе промени нешто во социјалната политика, спортот, културата“, рече Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.