Close Menu
Press24
    Најново

    Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

    26.06.2026 во 13:36

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари средба со победникот на „Ѕвездите на Гранд“

    26.06.2026 во 13:15

    Осум години приватни фирми работеле без да платат денар на општина Дебрца, екс-градоначалникот заработи кривична

    26.06.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев
    • Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари средба со победникот на „Ѕвездите на Гранд“
    • Осум години приватни фирми работеле без да платат денар на општина Дебрца, екс-градоначалникот заработи кривична
    • Пијан охриѓанец направил карамбол на „Туристичка“: Со „мерцедес“ удрил во шест коли, па побегнал
    • Кузеска за двегодишното владеење на Владата: Наместо резултати, добивме лаги и закани
    • Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор
    • Астро прогноза за викендот: Четири знаци пред деловен напредок, за останатите време за емотивно расчистување
    • Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатенинајмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

    Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

    26.06.2026 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска упати остри критики до градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за лошите услови за живот и инфраструктурниот хаос на улицата „Охридска“ во Маџир Маало.

    Според неа, локалната власт свесно дозволува деградација на просторот во општината за задоволување на партиски и бизнис интереси.

    „Улица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат Центарци. Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко и Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст“, посочи Ристовска Додевски.

    Таа реагираше и на пасивноста на општинските инспекциски служби, тврдејќи дека граѓаните од овој дел на Центар со години се соочуваат со прашина и градежен шут на патот до своите домови.

    Опозициската советничка посочи дека поради градежните активности е оневозможено нормалното движење на пешаците, мајките со детски колички и лицата со инвалидитет, кои се принудени да се движат по коловозот меѓу камионите и градежните машини.

    Таа упати и јавен повик до градоначалникот Герасимовски итно да излезе на терен и да даде одговори пред жителите на Маџир Маало.

    „Да дојде Герасимовски во Маџир Маало и да одговори зошто не беа доволно поплаките на Центарци, па се чекаше медиумите да објават, за тој да мора да испрати едно штуро соопштение дека било потребно геодетско мерење. Дојди Герасимовски, да ни објасниш дали треба и тука да пропадне тротоар и соседните објекти, за да преземеш нешто!“, изјави советничката.

    На крајот од своето обраќање, Ристовска Додевски побара одговорност и оставка од првиот човек на Општина Центар.

    Прочитај повеќе

    Кузеска за двегодишното владеење на Владата: Наместо резултати, добивме лаги и закани

    26.06.2026 во 13:00

    Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

    26.06.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.