Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера

    26.06.2026 во 11:12

    Аларм на Азискиот континент: Бурата „Мехала“ затвори фабрики и училишта, откажани стотици летови

    26.06.2026 во 10:59

    Топлотниот бран се засилува: УХМР за денеска најави невреме, од утре уште потопло

    26.06.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера
    • Аларм на Азискиот континент: Бурата „Мехала“ затвори фабрики и училишта, откажани стотици летови
    • Топлотниот бран се засилува: УХМР за денеска најави невреме, од утре уште потопло
    • (ВИДЕО) Роботи во народна носија заиграа оро: Вучиќ ги претстави „Милутин“ и „Драгутин“
    • Вонредна состојба во Венецуела: Започнаа масовни грабежи на продавници
    • Митева: Од собраниска говорница се поставуваат прашања, не закани
    • Германски лекар на суд призна дека убил 12 пациенти со смртоносна мешавина од лекови
    • Димитриеска-Кочоска: Растат капиталните инвестиции поради подобра реализација на проектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера

    Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера

    26.06.2026 во 11:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светата маченичка Аквилина, која пострадала за својата вера на само 12-годишна возраст во 293 година.

    Таа била родена во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година била наполно упатена во христијанскиот живот, а во десеттата година, преисполнета со ревност, започнала отворено да им Го проповеда Христа на своите пријателки.

    За време на прогоните под власта на царот Диоклецијан, Аквилина била поткажана кај царскиот намесник Волусијан. Намесникот најнапред наредил жестоко да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка ѝ ги прободеле ушите и мозокот.

    До последниот здив девицата слободно и јавно Го исповедала Христос, сè додека не паднала како мртва од нанесените повреди. Мислејќи дека е мртва, намесникот заповедал нејзиното тело да биде фрлено надвор од градот на ѓубриште.

    Според преданието, во текот на ноќта ѝ се јавил ангел Божји со зборовите: „Стани, биди здрава!“, по што таа застанала на нозе и Му вознесувала слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. Тогаш од небесата се слушнал глас: „Оди, ќе ти биде како што молиш!“.

    Аквилина се вратила во градот, каде градската порта сама се отворила пред неа, и влегла во дворецот директно пред постелата на намесникот, кого го обзел неискажлив ужас бидејќи ја видел жива.

    Утредента намесникот издал наредба таа да биде погубена со меч. Пред извршувањето на казната, девицата Аквилина се помолила на колена и го предала својот дух на Бога, а џелатот потоа ѝ ја отсекол главата. Нејзините мошти низ вековите останале запишани како извор за исцелување на мнозина болни.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Бикот да биде трпелив, Срелецот ќе се стекне со нови знаења

    26.06.2026 во 09:02

    Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот

    25.06.2026 во 23:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.