Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Дубровник: Форум за евроинтеграцијата на Западен Балкан

    26.06.2026 во 08:08

    Амбасадорот Рокас на Гостивар: Европската интеграција и зелената транзиција во фокусот

    26.06.2026 во 08:07

    Игрите на среќа денеска пред пратениците

    26.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Дубровник: Форум за евроинтеграцијата на Западен Балкан
    • Амбасадорот Рокас на Гостивар: Европската интеграција и зелената транзиција во фокусот
    • Игрите на среќа денеска пред пратениците
    • Законите за парнична постапка, оружје и образование пред пратениците
    • Подгответе се: Горештини и силно невреме – Температурите одат до 39 степени
    • Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот
    • Мицкоски: Менталитетот на луѓето кои треба да обезбедат владеење на правото не смее да остане заробен во личните интереси
    • Европа под црвен аларм: Рекордни горештини и човечки жртви
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Дубровник: Форум за евроинтеграцијата на Западен Балкан

    Муцунски во Дубровник: Форум за евроинтеграцијата на Западен Балкан

    26.06.2026 во 08:081 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на 19. Дубровник форум, кој се одржува во Дубровник, Хрватска.

    Во рамки на Форумот, Муцунски ќе биде еден од говорниците на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, посветена на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за унапредување на соработката со Европската Унија.

    Годинашниот Дубровник форум се одржува под мотото „The Age of Multipolarity: Many Decisions, One Future“ и ќе собере државни претставници, дипломати, експерти и претставници на меѓународни организации, кои ќе дебатираат за клучните глобални и регионални политички, безбедносни и економски прашања.

    Форумот годинава има и јубилејно значење, бидејќи се одбележуваат две децении од неговото основање. Воедно, со оглед дека Хрватска во 2026 година претседава со иницијативите „Three Seas Initiative“ и „MED9“, посебен акцент ќе биде ставен на медитеранската безбедност, регионалната соработка и заедничките стратешки предизвици.

    За време на престојот во Дубровник, министерот Муцунски ќе одржи и повеќе билатерални средби со министри за надворешни работи и други високи претставници кои учествуваат на Форумот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Амбасадорот Рокас на Гостивар: Европската интеграција и зелената транзиција во фокусот

    26.06.2026 во 08:07

    Игрите на среќа денеска пред пратениците

    26.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.