Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

    25.06.2026 во 18:28

    Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

    25.06.2026 во 18:12

    Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?

    25.06.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи
    • Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?
    • Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?
    • Јаневска: Ќе ја оптимизираме училишната мрежа без наставници да бидат отпуштани од работа
    • Предлог-Законот за судски буџет е објавен на ЕНЕР
    • Русија: Четворица загинати во украински напади врз Крим и Брјанската област
    • Претепан вработен во обложувалница во Аеродром
    • Дел од Кисела Вода утре ќе остане без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

    Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

    25.06.2026 во 18:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инвестициите во инфраструктурата и авиосекторот допринесоа за раст на туризмот во земјава и силен пораст на ависообраќајот. Направивме една амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се видливи. Имаме раст од преку 32 % на бројот на патници од двата аеродроми, 28 нови дестинации и раст од околу 20 % на странски туристи, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на пратеничко прашање на денешна седница во Собранието.

    Тој потенцира дека дополнително инфарструктурните проекти што се работат кон поврзување на аеродромите како и подигнување на нивните капацитети ќе стимулираат дополнителен раст на бројот на патници.

    -Откако беше избрана оваа Влада, се направи нова методологија за привлекување на патници, која што ги даде своите резултати. Таа методологија е прифатена и од Европската Унија, ги има сите дозволи добиено и од таму, како и од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во таа насока очекувам оваа година да одиме над 3,5 милиони, имајќи предвид дека за периодот јануари – мај веќе имаме 1.600.000 патници, Тоа е раст од некаде околу 32% на двата аеродроми заедно, што е доста сериозен раст и се работи за најголем поединечен раст во цела Европа. Зошто да не, во еден период од неколку години да стигнеме и до 4 милиони. Она што е исто така значајно е дека се отвараат многу нови дестинации, 28 нови дестинации се отворени на редовни линии, на тоа имаме дополнително уште околу 16 чартер линии од двата аеродроми, одговори Николоски.

    Во делот на скопскиот аеродром, тој потенцира дека во изминатиот период силно се работи на квалитетно инфраструктурно поврзување и најави проект за железничко поврузување од Скопје до терминалната зграда на аеродромот.

    Имено, минатиот јануари беше ставен во функција експресниот пат кој што оди од Ранковце до Крива Паланка. Неколку месеци подоцна, исто така беше ставена во функција обиколницата на Крива Паланка. При крај е реконструкцијата и проширувањето на граничниот премин Деве Баир, а заедно со Европската Унија – еве вчера имавме состанок – продолжуваме да работиме подготвителни работи за изградба на експресен пат којшто треба да оди од Ранковце до Романовце, односно до Куманово, како би се врзал на Коридорот 10 и на тој начин Скопскиот аеродром од двете страни да е поврзан со автопат или со експресен пат.

    Дополнително на тоа, веќе со Агенцијата за планирање на простор и со соодветните служби во Министерството за транспорт работиме на изработка на урбанистичко решение и идејно решение за железничко поврзување на аеродромот. Идејата е тоа железничко поврзување да завршува токму пред постојната терминална зградa”- потенцира Николоски.

    Прочитај повеќе

    Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

    25.06.2026 во 18:12

    Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?

    25.06.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.