Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

    Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

    25.06.2026 во 18:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат и доставуваат од Фондот до трезорот. 

    Митрески посочи дека станува збор за околу 2,6 милијарди денари кои биле задржани во системот подолг временски период, што директно влијае врз средствата на околу 600.000 граѓани. Во таа насока, тој побара објаснување дали ќе се исплаќа соодветен надомест за доцнењето согласно законските одредби.

    Во продолжение е интеграчното пратеничо прашање на Митрески:

    „Министерке, прашањето до вас се однесува на ревизорскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. На страна 21 од тој извештај, бидејќи придонесите кои што ги плаќаме ние како граѓани или во наше име ги плаќаат фирмите каде што сме вработени, фондот ги добива тие 18,5%, а 6% одат до вториот столб. И во законот пишува дека тие 6% треба да бидат уплатени веднаш, но не подолго од пет работни дена. Така стои во законот.

    Во извештајот стои дека придонесите кои треба да се префрлат на вториот столб, фактички овие 6% наши, верувам дека и вие сте член, најголем дел од пратениците и Владата, секако 600.000 наши сограѓани се членови на тој столб, велат дека заклучно со периодот на ревизија вкупниот долг е 2,6 милијарди денари и стои во извештајот дека овие 2,6 милијарди денари или 44 милиони евра,  Фондот навреме ги пресметал и однел налози до Министерството за финансии, односно до Трезорската сметка.


    Долгот од 2,6 милијарди денари или 44 милиони евра е затоа што од Трезорот парите стоеле два месеци и не се префрлале на вториот столб. Фактички, парите на граѓаните два месеци се чуваат во Трезор. Не навлегувам во дебатата дали има пари во буџетот или нема пари, еве 44 милиони евра пари на граѓаните да стојат два месеци во Трезор, да не се префрлат, со сите пресметки и налози однесени од Фондот за пензиско, мислам дека таа проблематика е јасна.


    Мене прашањето ми е друго: ако не се уплатат веднаш или во рок од пет дена, во законот пишува дека треба за тие луѓе да се плати надомест, фактички да се плати плус од тоа што требало да се плати, во вид на камата во смисла на доцнење на уплатата. Зошто? Затоа што вашите пари, парите на кој било граѓанин кој што е член на вториот пензиски столб, ако тие се пари што се уплаќаат за да се оплодуваат, за да носат принос, не е исто дали ќе ги уплатите денес 100 денари за да донесат принос или ќе ги уплатите после два месеци.


    На овој начин, ако нема надомест, губат членовите на фондот. Ние губиме, губат 600.000 граѓани членови на тој фонд. Моето конкретно прашање е: колкав е надоместокот којшто треба да се плати по основ на тоа што Трезорот, Министерството за финансии ненавремено ги префрла парите на вториот столб, а ги има пресметките добиени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Еве ќе повторам, тоа е напишано на страна 21 и 22 од ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.