Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?

    Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?

    25.06.2026 во 17:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа, во кое бара јасни и конкретни одговори кога ќе им се  исплатат субвенциите на сточарите. Воедно, Митрески побара и објаснување кога  ќе биде отворена апликацијата за субвенции за 2026 година, имајќи предвид дека вообичаениот рок веќе е пробиен.

    Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Митревски:

    „Ние пред неколку дена зборувавме на тема земјоделство многу . Имавме интерпелација за министерот за земјоделство која за жал не помина. Денес се отвораат теми и слушаме и прашања, одговори за износот на исплатените субвенции, па колку се исплаќало по години и така натака. Имам исто така конкретно прашање. Пред некој ден сточарите во Пелагонија најавија дека ако до 30 јуни 2026 година, значи до 30 јуни сега за неколку дена, не бидат исплатени субвенциите за говеда и млеко дека ќе излезат на протест. Знаете од 21 до 24 денари е откупната цена на млекото. Литар вода е исто, чини исто колку откупната цена на литар млеко, такви се нивните изјави, таквите такви се нивните споредби. Моето прашање е дали до 30 јуни 2026 година ќе бидат исплатени субвенциите за сточарите и за по грло на на говедо и за за млекото. Дополнително, бидејќи не е отворена уште апликацијата за субвенции за 2026 година, претежно течела во месец мај, се завршувала, еве завршува јуни, а уште не е почната, како дополнително поврзано прашање со ова е кога ќе можат земјоделците да аплицираат за субвенции за 2026 година и се надевам дека нема да дадете одговор дека проблем е софтверот како што впрочем во јавно се кажува за повратот на ДДВ на граѓаните како проблем“.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.