СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.
Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање.
Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот.
Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.
- „Безбеден град“ се воведува и во охридско: Пуштени камерите на автопатот кај Ново Село
- Почина 14-годишно момче по пад од електричен тротинет: Трагедија го потресе регионот
- Николоски: Очекуваме над 3,5 милиони патници на аеродромите годинава, Скопје со најголем раст во Европа
- Почина 3-годишно момче: Само влегло во автомобил и останало заробено 45 минути
- „Пепко“ повлекува производ од продажба кој може да предизвика повреди
- МВР во акција: Приведени седуммина возачи, се возело без дозволи, пијани и со активни забрани
- Драма во скопско: Седуммесечно бебе паднало по расправија меѓу браќа
- Брат нападнал сестра, сопруг – сопруга, бебе паднало при расправија: Пријавени седум насилници за едно деноноќие

