Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела без минимални технички услови, родителите револтирани ја напуштија судницата

    Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела без минимални технички услови, родителите револтирани ја напуштија судницата

    25.06.2026 во 15:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала со работа иако објектот не ги исполнувал минималните технички услови, обелодени денеска Обвинителството на рочиштето во судницата во КПУ Идризово.

    Доказите презентирани на денешното судење за кобниот пожар се обезбедени од Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и труд.

    Денешното рочиште го одбележа и процедурален пресврт откако одбраната побара изземање на обвинителката Наташа Сарамандова поради „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење“. По ова барање треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески, а застапувањето го продолжи друг обвинител.

    Во знак на револт поради ваквиот развој на настаните, родителите на децата кои загинаа во пожарот доброволно ја напуштија судницата.

    „Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко, и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење“, изјави мајката на загинатиот Томас, Јулија Златкова.

    Таткото Александар Наунов во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите, толку повеќе фокусот се префрла од суштината кон процедурата.

    „Од нас, родителите, се бара достоинство и трпение, и тоа го правиме од првиот ден, а за возврат бараме само едно: доказите да се изведат до крај, јавноста да ја слушне целата слика и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите“, нагласи Наунов.

    На почетокот на рочиштето Судот изрази сочувство до семејството на обвинетиот Љупчо Грнчиштанов кој во меѓувреме починал, по што кривичната постапка против него е запрена.

    Следното рочиште е закажано за 1 јули кога ќе се изведуваат листинзи од телефонски разговори и материјални докази од Државниот пазарен инспекторат.

    Во страотниот пожар на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 обвинители.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.