Управата за хидрометеоролошки работи ги објави најновите мерења на температурите во 14 часот низ градовите и мерните станици во Македонија.
Според официјалните податоци, највисока температура во државата е измерена во Скопје на станицата Зајчев Рид.
Таму во 14 часот живата во термометарот достигнала до 32,8 степени Целзиусови.
Веднаш зад главниот град се Гевгелија и Скопје-Петровец со измерени 32,6 степени, како и Велес каде се регистрирани 32,5 степени.
Над 32 степени во попладневните часови покажале термометрите и во Куманово (32,4°C), Струмица (32,2°C) и Кавадарци (32,0°C).
Топло е и во останатите рамничарски градови, па така во Штип се измерени 31,6 степени, во Демир Капија 31,4, а во Тетово 31,2 степени.
Во Виница температурата се искачила до 30,2 степени, додека во Битола и Крива Паланка се измерени соодветно 29,0 и 29,1 степен Целзиусов.
Најсвежо во 14 часот во земјава очекувано е на планинските центри. На Попова Шапка се измерени 18,0 степени, во Маврови Анови 23,6, додека во Крушево температурата изнесува 23,9 степени.

