Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира да и се скратат фондовите на Македонија

    25.06.2026 во 14:22

    Мицкоски: Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот

    25.06.2026 во 14:14

    Клековски најави: Нови лекови на позитивна листа од јули, „Клексан“ и „Фраксипарин“ ќе се земаат во аптека

    25.06.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира да и се скратат фондовите на Македонија
    • Мицкоски: Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот
    • Клековски најави: Нови лекови на позитивна листа од јули, „Клексан“ и „Фраксипарин“ ќе се земаат во аптека
    • Мисајловски најави зголемување на платите во Армијата
    • Апсења во Македонија: Паднаа 10 лица
    • 20-годишен паланчанец без дозвола излетал со четирицикл во Охрид, тешко повредена малолетничка од Скопје
    • Ласовска до Мицкоски: До каде се плановите за Чебрен и Галиште и што договори Владата со маркетите
    • Инцидент во ЗОО Скопје: Волци избегале од живеалиштето и усмртиле повеќе животни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира да и се скратат фондовите на Македонија

    Мицкоски: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира да и се скратат фондовите на Македонија

    25.06.2026 во 14:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Соседна држава шири информации и лобира Европската Унија да не и помага финансиски на Македонија и да и ги скрати сите фондови, со цел земјава да дојде пред банкрот и да биде приморана да ги прифати сите барања, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој од собраниската говорница посочи дека ваквите сознанија произлегуваат од мултилатерални и билатерални средби, но не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири оваа теза.

    Одговарајќи на пратеничко прашање околу обвинувањата дека Македонија е пред економски колапс, Мицкоски потенцираше дека истите тези ги користи и домашната опозиција.

    „И ова е многу опасна теза којашто денеска ја шири опозицијата. А фактот е дека оваа Влада ги сервисира сите обврски преземени од претходната влада. Не се чека ни ден, ни милиметар во којабило област, дали е тоа Министерството за внатрешни воени работи, дали е тоа во одбраната или е тоа по некоја основа во другите ресори. Во Министерството за транспорт сега ги префрливме проектот за Коридорот 8 и 10Д, во Јавното претпријатие за државни патишта, железницата од коридорот 8 итн. Вклучително и оние обврски, како солидарниот данок, обврски коишто беа од претходната влада на начин на којшто јавноста следеше, практично се одземаа пари од компаниите, иако тврдевме дека е неуставно, дека ќе имаме проблем и тоа ние го враќаме“, рече Мицкоски во одговор на прашање од пратеничката Благица Ласовска.

    Премиерот додаде дека новата Влада тековно ги исплаќа и пресудите кои пристигнуваат од Европскиот суд за човекови права, од кои дел се стари и по повеќе од десет години.

    „И не очајуваме, не кукаме, не држиме прес-конференции да велиме „вака било – така било“, тоа е нашата обврска и ние таа обврска си ја следиме со сите предизвици со коишто располагаме и резултатите ги кажавме, со бројки коишто ги објавува Меѓународниот монетарен фонд. Јасно се вели, за трипати помал долг и за трипати пократко време, имаме раст на номиналниот Бруто домашен произвд за 140 милиона долара повеќе од претходната влада“, сподели Мицкоски.

    На крајот од своето излагање, тој упати порака дека и покрај сите лобирања на штета на државата, реформите и европската агенда ќе продолжат да се реализираат со забрзано темпо.

    „Еве уште од сега ви најавувам дека и во јуни ќе бидеме први, информацијата ќе стигне септември-октомври и еве уште сега ви најавувам. Следна цел ќе ни биде во декември да бидеме повторно најдобри. Тоа е нашата цел и ние така функционираме, да направиме пристојна убава држава со којашто нашите потомци, оние коишто доаѓаат по нас, ќе се гордеат. За тоа треба време, затоа што разорен е ефектот на погрешните политики на претходната влада. Разорен е, девастирачки, катаклизмичен по кој било основ. За тоа треба време. Но, приоритет по приоритет, визави ресурсите со коишто располагаме, ги решаваме тие недостатоци коишто ги наследивме“, одговори премиерот.

    Прочитај повеќе

    Ласовска до Мицкоски: До каде се плановите за Чебрен и Галиште и што договори Владата со маркетите

    25.06.2026 во 13:32

    Минчев: Академијата за административни службеници ќе започне со работа од наредната година

    25.06.2026 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.