Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ласовска до Мицкоски: До каде се плановите за Чебрен и Галиште и што договори Владата со маркетите

    Ласовска до Мицкоски: До каде се плановите за Чебрен и Галиште и што договори Владата со маркетите

    25.06.2026 во 13:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања постави три прашања до претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.

    Ласовска се осврна на дадената изјава на премиерот во која што најавил изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, како и дека од опозициската СДС критикувале дека државата нема капацитет да го изгради овој проект. Таа посочи дека изградбата на Чебрен и Галиште ќе придонесе за раст на БДП на државата, како и дека е значаен капитален проект во делот на енергетиката и во таа насока праша до каде се плановите за изградба на проектот.

    „Неодамна премиере дадовте изјава во која што најавивте изградба на Чебрен и Галиште. Оваа ваша изјава предизвика различни реакции, се разбира од опозицијата критикуваа дека тоа е невозможно, дека како Република Македонија немаме капацитети да го изградиме ова, и практично во државата многу влади ветувале дека ќе отпочне со изградба на Чебрен и Галиште, но ова не се случило. Имаше реакции и на одредени експерти коишто во минатото давале поддршка за изградба на овој огромен капитален проект, а сега, претпоставувам заради политички причини негираа и дека не може државата вакво нешто да направи. Мене ме интересира, секако и јавноста: до каде се плановите за изградба на Чебрен и Галиште на овој мега капитален проект којшто навистина многу ќе значи за растот на БДП на Република Македонија и секако еден колосален капитален проект во делот на енергетиката“, рече Ласовска.

    Во однос на ребалансот на Буџетот, таа праша дали се предвидува продолжување на економскиот раст, реализација на капиталните проекти, како и забрзување на инфраструктурниот развој.

    „Во однос на ребалансот на Буџетот, деновиве пристигна во Собранието ребалансот на Буџет и се очекува секој момент следната недела да започне да се разгледува. Во услови на огромна енергетска и финансиска криза, ЕУРОСТАТ покажува дека државата добро се справува енергетската криза. Дали капиталните проекти ќе продолжат, автопатишта и сите оние големи крупни капитални проекти на кои упорно се работи. Дали големите капитални проекти ќе продолжат и во општините да се работат?“, праша Ласовска.

    Ласовска се осврна на зголемените цени на основните прехранбени производи и во таа насока праша каков договор постигнала Владата со претставниците на најголемите синџири на маркети.

    „Деновиве имавте изјава и неколку средби, во овие неколку месеци со големите маркети. Кажавте, предупредувате дека треба да го слушаат гласот на граѓаните, гласот на Владата којшто вели дека не треба во услови на една ваква финансиска криза да ги зголемуваат цените во маркетите. Каков договор беше постигнат и дали имаат слух по однос на овие прашања, бидејќи граѓаните секако дека ќе ги интересира дали цените во супермаркетите ќе се намалат, ќе останат исти и дали имаат некакво чувство за општествена одговорност по однос на цените и целата оваа криза која влијае како на целиот свет, влијае и на нашата држава. Каков договор беше постигнат по однос на овие прашања? “, праша Ласовска. 

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.