Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инцидент во ЗОО Скопје: Волци избегале од живеалиштето и усмртиле повеќе животни

    Инцидент во ЗОО Скопје: Волци избегале од живеалиштето и усмртиле повеќе животни

    25.06.2026 во 13:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот Петс.мк, а пренесе Скопје1.мк.

    Според првичните информации објавени од медиумите, настанот се случил во саботата, во текот на денот.

    „Според информациите објавени од медиумот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето“, се наведува во написите.

    Како последица на бегството, настрадале други животни кои биле сместени во близина на овој простор.

    „Како што наведува Петс.мк, при бегството волците нападнале и усмртиле четири кенгури и неколку ему птици“, објавуваат медиумите.

    Според нивните извори, на вработените во Зоолошката градина им биле потребни неколку часа за да ги пронајдат и повторно да ги вратат животните во нивното живеалиште.

    Од Зоолошката градина во Скопје засега нема официјална потврда или соопштение за настанот.

    „Според Петс.мк, в.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова, не одговорила на нивните повици за да даде појаснување за околностите под кои се случил инцидентот, како и за безбедносните мерки во живеалиштето на волците“, стои во објавената вест.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.