Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: ДКСК веднаш да го проследи предметот за Јанушев до обвинителството, тој не смее да остане на функција

    25.06.2026 во 09:19

    Дневен хороскоп: Трпението и зрелоста денес носат успех, погледнете што го чека вашиот знак

    25.06.2026 во 09:14

    Времето денеска сончево и топло, попладне невреме

    25.06.2026 во 09:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: ДКСК веднаш да го проследи предметот за Јанушев до обвинителството, тој не смее да остане на функција
    • Дневен хороскоп: Трпението и зрелоста денес носат успех, погледнете што го чека вашиот знак
    • Времето денеска сончево и топло, попладне невреме
    • Македонија постепено ќе го зголемува буџетот за одбрана, вели Мисајловски
    • Прв случај на ебола надвор од Африка потврден во Франција
    • Мисајловски: Помагаме колку што можеме, но главен приоритет е македонската Армија
    • Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
    • Низ Ормуската Теснина во последните 24 часа поминаа 20 милиони барели нафта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ДКСК веднаш да го проследи предметот за Јанушев до обвинителството, тој не смее да остане на функција

    СДСМ: ДКСК веднаш да го проследи предметот за Јанушев до обвинителството, тој не смее да остане на функција

    25.06.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора веднаш да го проследи предметот за Игор Јанушев до Јавното обвинителство, велат од СДСМ.

    „Станува збор за тоа дека генералниот секретар на Владата прикрил дел од својот имот – конкретно поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. За ова има јавно достапни докази од регистарот на компании во Бугарија, (https://finansi.bg/flugban-trans?hl=en-GB )

    Но во неговите анкетни листови тоа не е наведно.

    Според законот, последиците за вакво постапување се јасни:

    1.  Фиксна прекршочна глоба од 300 до 500 евра за техничко непријавување на промена на имот;

    2.  Кривично дело прикривање на имот, за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години;

    3.  Конфискација на прикриениот капитал и уделите;

    4.  Казнен персонален данок од 70% од страна на Управата за јавни приходи врз вредноста на целиот недокажан имот.

    ДКСК нема право да остане нем набљудувач. Доколку постојат основи на сомневање дека е извршено кривично дело, Комисијата е должна без одлагање да го проследи предметот до надлежниот јавен обвинител.

    Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, не смее да остане на функција додека трае истрагата за неговата евентуална поврзаност со бугарска компанија. Тој е должен или да поднесе оставка, или Владата да го отстрани од функција.

    Овој случај повторно го покажува лицемерието на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. 

    Додека јавно се претставуваат како „патриоти“ и ја блокираат европската интеграција на Македонија, највисоките функционери на власта, покрај бугарските пасоши и државјанства што си ги прибавија за себе и за своите семејства, водат бизнис во Бугарија и прикриваат имот.

    Додека сите овие членови на Владата од ВМРО-ОКГ, бугарски државјани, ги користат бенефициите на ЕУ, граѓаните чекаат со часови на границите, а истовремено се блокираат парите од европските фондови наменети за граѓаните на Македонија, и од државата прават слепо црево на Балканот.

    Ова е недозволиво. Јавното обвинителство мора да реагира. Јанушев мора да сноси одговорност.

    ДКСК мора да го проследи предметот до Обвинителството.

    Време е за вистина и правда. Никој не е над законот“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Македонија постепено ќе го зголемува буџетот за одбрана, вели Мисајловски

    24.06.2026 во 23:41

    Мисајловски: Помагаме колку што можеме, но главен приоритет е македонската Армија

    24.06.2026 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.