Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа
    • Петкова: Обезбедуваме поголемо домашно производство на струја и пониски трошоци за граѓаните
    • Жерновски тврди дека е во тек операција за преземање на медиумите во Македонија
    • Лефков: СДС продолжува со лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ одговара со резултати
    • Муцунски го најави Амбасадорскиот совет: Македонската дипломатија се собира во Скопје по шест години
    • УХМР со детали какво време нè очекува до крајот на неделата: Сончево, попладневни врнежи и тропски викенд
    • Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот
    • Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Европската Унија расте бројот на лица што живеат сами

    Во Европската Унија расте бројот на лица што живеат сами

    24.06.2026 во 20:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.

    Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

    Тоа значи дека околу 17,3 милиони лица во Германија живееле во едночлени домаќинства. Во споредба со 2005 година, кога такви биле 14,2 милиони луѓе, овој број значително се зголемил.

    Најголем дел од лицата кои живеат сами се постари граѓани. Кај лицата над 65 години, повеќе од една третина, односно 34,4 проценти, живеат сами, додека кај оние постари од 85 години таков е секој втор жител или 55,8 проценти.

    Бројот на лицата кои живеат сами во Германија расте пропорционално со големината на населеното место. Во градовите со повеќе од 100.000 жители, нивниот удел изнесува 25,9 проценти, додека во општините со помалку од 20.000 жители е 17,2 проценти.

    Просекот на лицата што живеат сами во ЕУ е 16,5 проценти, но разликите меѓу земјите се значителни.

    Поголем удел отколку во Германија има во Литванија со 31,4 проценти, Финска со 25,8 проценти, Данска со 24,3 проценти, како и во Естонија и во Шведска, каде што уделот изнесува по 22 проценти.

    На спротивниот крај на листата се Словачка со три проценти, Ирска со 8,1 процент и Полска со 9,2 проценти.

    Иако лицата што живеат сами сочинуваат околу една петтина од германското население, нивниот удел во вкупниот број домаќинства е значително поголем. Од вкупно 41,1 милион домаќинства во Германија, дури 42,1 процент минатата година биле едночлени.

    Прочитај повеќе

    Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа

    18.08.2026 во 12:54

    Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики

    18.08.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.