Close Menu
Press24
    Најново

    Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна

    24.06.2026 во 17:27

    Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована

    24.06.2026 во 17:24

    Град Скопје викендов ќе врши авионско прскање против комарци

    24.06.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна
    • Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована
    • Град Скопје викендов ќе врши авионско прскање против комарци
    • Повеќе од 16 часа битка со огнот: Сè уште гори големиот пожар во фабрика за пластика во Атина
    • Драма во Тетово: Малолетник со џип бегал од полицијата, па удрил во полициско „јети“
    • Средба Сиљановска-Давкова – Монтеро: Се подготвува отворање на Институт „Сервантес“ и нова катедра во Скопје
    • Невреме се движи низ Македонија: По Гевгелија и Штип, невреме се подготвува и во Неготино и Брод
    • Бочварски: Ветувањата на Тошковски за безбедност и професионална полиција останаа само празни зборови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна

    Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна

    24.06.2026 во 17:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени.

    Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана кампања на навреди и закани.

    „Најеклатантен пример за тоа како се поставувате кон насилството врз жени е случајот со нашата советничка Евгенија Станковска, против која се водеше хајка од вашиот функционер Кире Михаилов, директор на Македонски шуми. Во немоќ да се справат со советничката група во Град Скопје, беа пуштени партиски загари кои повикуваа на физичко и сексуално насилство кон неа“, изјави Крмов.

    Тој се осврна и на неодамнешниот случај на двојно убиство и самоубиство во Велес, посочувајќи дека сторителот претходно повеќепати бил пријавуван за насилство.

    „Човекот повеќепати бил пријавуван, во еден случај дури и запалил возило, а тоа не било причина за посилна реакција од МВР. Во последните 12 години малтретирал најмалку осум партнерки, а најстрогата санкција што ја добил била условна казна“, рече пратеникот.

    Според Крмов, институциите немаат соодветен механизам за рана проценка на ризикот кај насилните лица и реагираат дури по трагичните последици.

    „Не е поентата насилниците да бидат уапсени откако ќе се случи убиство. Поентата е тоа убиство да не се случи. Вие реагирате пост-фестум и потоа се фалите со тоа“, нагласи тој.

    Крмов посочи и на случајот со Ивана Јовановска и нејзината ќерка, наведувајќи дека во него дури 39 припадници на МВР не постапиле соодветно, додека во друг сличен случај, според него, не реагирале 11 полициски службеници.

    „Ова не е инцидент. Ако беше инцидент, ќе потфрлеа еден или двајца службеници. Кога имате десетици луѓе кои не реагираат, тогаш станува збор за систем на нереагирање кога се работи за насилство врз жени“, оцени Крмов.

    Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски беше поднесена од пратеничката група на Левица, која во своето образложение наведе повеќе забелешки за работењето на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и постапувањето во случаи на семејно и родово базирано насилство.

    Прочитај повеќе

    Средба Сиљановска-Давкова – Монтеро: Се подготвува отворање на Институт „Сервантес“ и нова катедра во Скопје

    24.06.2026 во 16:19

    Бочварски: Ветувањата на Тошковски за безбедност и професионална полиција останаа само празни зборови

    24.06.2026 во 16:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.