Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Сиљановска-Давкова – Монтеро: Се подготвува отворање на Институт „Сервантес“ и нова катедра во Скопје

    Средба Сиљановска-Давкова – Монтеро: Се подготвува отворање на Институт „Сервантес“ и нова катедра во Скопје

    24.06.2026 во 16:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје.

    Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 година и на шпанскиот лауреат Хусто Хорхе Падрон, кој ќе остане запаметен по извонредните стихови посветени на Струга.

    За претседателката, Институтот „Сервантес“ одигра клучна улога во развојот и промоцијата на шпанскиот јазик и култура, за што, Луис Гарсија Монтеро има особена заслуга.

    Потенцирајќи ја важноста на шпанско-македонската културна поврзаност и соработка, гостинот посочи дека Институтот „Сервантес“ потпишал Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  

    Соговорниците оценија дека отворањето на Институт „Сервантес“ во Скопје, на чија реализација активно работат Монтеро и амбасадорот Ортиз, би овозможило продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

    Гостинот изрази заложба за отворање Катедра за шпански јазик во рамките на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и проширување на употребата на шпанскиот јазик во македонскиот образовен систем.

    Средбата се заокружи со размена на подароци инспирирани од „Дон Кихот“.  Претседателката на Монтер му подари монографија со слики на Владимир Георгиевски, меѓу кои и оние од циклусот посветен на „Дон Кихот”, а од шпанскиот гостин доби марама со илустрации од историското издание на романот на Сервантес.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.