Close Menu
Press24
    Најново

    Невреме во Македонија: Струмица и Крива Паланка погодени од пороен дожд, силен ветер и град

    24.06.2026 во 15:50

    Аларм во Европа: Потврден првиот случај на ебола во Франција кај лекар кој се вратил од Конго

    24.06.2026 во 15:45

    ЦУК со пресек: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден горат бандери, дрвја и отпад

    24.06.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Невреме во Македонија: Струмица и Крива Паланка погодени од пороен дожд, силен ветер и град
    • Аларм во Европа: Потврден првиот случај на ебола во Франција кај лекар кој се вратил од Конго
    • ЦУК со пресек: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден горат бандери, дрвја и отпад
    • Филипче: Загрозен е вториот пензиски столб
    • Драма во Велес: Уапсен 18-годишник, ја држел партнерката заклучена во дом и ѝ се заканувал
    • Серија апсења за семејно насилство низ Македонија: Претепани сестра и поранешна сопруга, заклучена и следена девојка
    • Трагедија во Куманово: Адвокатка пронајдена почината во својата канцеларија
    • Подгответе се за невреме следните два дена, за викендот пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Невреме во Македонија: Струмица и Крива Паланка погодени од пороен дожд, силен ветер и град

    Невреме во Македонија: Струмица и Крива Паланка погодени од пороен дожд, силен ветер и град

    24.06.2026 во 15:501 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за дестабилизација на времето во неколку региони низ државата, каде веќе се регистрирани интензивни врнежи и силен ветер.

    Најкритична е состојбата во југоисточниот дел на земјата, каде покрај поројните дождови, падна и град.

    „Струмица и околината зафатена од нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град“, соопштуваат од УХМР.

    Синоптичарите укажуваат дека оваа нестабилна облачна маса има континуиран правец на движење. Истовремено, силно невреме се развива и на североистокот од државата.

    „Во Кривопаланечкиот регион има нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Во Струмичкиот регион има појава на засилен ветер и грмежи“, стои во најновиот пресек на метеоролошката служба.

    Граѓаните од овие региони се повикуваат на будност, со оглед на тоа што процесите на места се доста интензивни.

    Прочитај повеќе

    ЦУК со пресек: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден горат бандери, дрвја и отпад

    24.06.2026 во 15:39

    Филипче: Загрозен е вториот пензиски столб

    24.06.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.