Close Menu
Press24
    Најново

    Цветаноски: Животот на децата со имунолошки болести е загрозен поради хаос во здравството

    24.06.2026 во 14:07

    Започнува „Везилка“: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција

    24.06.2026 во 14:02

    Јаневска: Реформите во образованието продолжуваат, нема да има отпуштања на наставници

    24.06.2026 во 13:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветаноски: Животот на децата со имунолошки болести е загрозен поради хаос во здравството
    • Започнува „Везилка“: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција
    • Јаневска: Реформите во образованието продолжуваат, нема да има отпуштања на наставници
    • Ангелова до Тренчевска: Присуството на полицијата на терен и акциите против дивите трки значат спасени човечки животи
    • Минчев на средба со српската министерка Пауновиќ: Заедничката работна група веќе бележи значаен напредок
    • Тошковски до опозицијата во Собранието: Ме напаѓате затоа што граѓаните конечно гледаат надеж дека нешто ќе се смени
    • Мицкоски: Проектот „Везилка“ е почеток на процес за посилна наука и поконкурентна економија
    • Талески до Тошковски: Пустош направивте, дајте си оставка и ослободете го МВР од скандали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветаноски: Животот на децата со имунолошки болести е загрозен поради хаос во здравството

    Цветаноски: Животот на децата со имунолошки болести е загрозен поради хаос во здравството

    24.06.2026 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, преку изјава за медиумите упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека поради административен хаос е загрозено здравјето на најмладите пациенти на Детската клиника.

    „Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи“, изјави Цветаноски.

    Таа ја прозва министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека изговорите за доцнењето на согласностите за вработување медицински кадар се неприфатливи кога се во прашање човечки животи.

    „Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци“, вели Цветаноски.

    Според опозициската партија, проблемот лежи во буџетските средства, кои се трошат ненаменски наместо да се насочат кон виталните сектори.

    „Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање“, се наведува во партиското соопштение.

    На крајот, од СДСМ побараа итно запирање на сите споредни трошоци со цел веднаш да се реши проблемот на Детската клиника.

    „СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. За деца се работи“, порача Цветаноски.

    Прочитај повеќе

    Јаневска: Реформите во образованието продолжуваат, нема да има отпуштања на наставници

    24.06.2026 во 13:58

    Ангелова до Тренчевска: Присуството на полицијата на терен и акциите против дивите трки значат спасени човечки животи

    24.06.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.