Close Menu
Press24
    Најново

    Мицевски: Со законски измени се ограничува брзината на електричните тротинети и се зголемува старосната граница на 18 години

    24.06.2026 во 13:16

    Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски

    24.06.2026 во 13:09

    Финансиска полиција поднесе пријави против пет лица за измама со ИПАРД фондови од над 50 милиони денари

    24.06.2026 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевски: Со законски измени се ограничува брзината на електричните тротинети и се зголемува старосната граница на 18 години
    • Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски
    • Финансиска полиција поднесе пријави против пет лица за измама со ИПАРД фондови од над 50 милиони денари
    • Ангелов ќе одржи прес-конференција: Ќе се уништуваат две хемиски гранати со екстремно отровен боен отров
    • Каснување од мајмун во Тајланд можна причина за смртта на познатата турска актерка од серијата „Шербет од брусница“
    • Ужасна трагедија: Бебе почина откако доживеа срцев удар во базен на Канарските Острови
    • Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика
    • Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицевски: Со законски измени се ограничува брзината на електричните тротинети и се зголемува старосната граница на 18 години

    Мицевски: Со законски измени се ограничува брзината на електричните тротинети и се зголемува старосната граница на 18 години

    24.06.2026 во 13:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање  на собраниска седница се осврна на безбедноста при управување со електрични возила. Тој кажа дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе поголема мобилност, истовремено создаде и нови предизвици за безбедноста во сообраќајот. Затоа, како што вели тој, мерките од Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се воведуваат за подобра заштита на младите.

    „Последниве неколку години сведоци сме на големи промени во сообраќајот. Појавата на нови видови електрични возила на пазарот овозможува поголема мобилност на нашите граѓани. Но, истовремено отвора значителни ризици за безбедноста на учесниците во сообраќајот“, истакна Мицевски.

    Тој истакна дека регулацијата на овие лесни електрични возила се уште е фрагментирана во земјава, анализите покажуваат дека во периодот од 2024 година до мај 2026 година, на патиштата низ државата во пријавени сообраќајни незгоди учествувале 2352 возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли. Од вкупниот број настрадани возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, 46 загинале, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1347 со полесни телесни повреди.

    „Овие бројки загрижуваат и укажуваат на потребата од системска регулација на овие возила. Затоа со Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се врши дефинирање на лесно електрично возило. Оваа дефиниција завзема предвид за компаративните искуства на повеќе земји во регионот. Воедно, се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина на движење на лесните возила, електрични возила, односно се предвидува максимална брзина до 20 километри на час согласно препораките на ЕУ, во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила“, вели Мицевски.

    Мицевски истакна дека со цел да се спречат идни повреди и штети, се предвидува заострување на условите под кои може да се управува ваков вид на возило, со зголемување на старосната граница, а минималната возраст да биде од 18 години за управување на овие возила.

    „Ние сме свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока. Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст“, кажа Мицевски и додаде:

     „Токму затоа, ние го предлагаме ова решение, но оставаме простор за идни измени во согласност со анализите кои што ќе произлезат од ефектите од овој закон. Истовремено, се заострува казнената политика за сторители на  прекршоци, предвидени со законот при што во конкретни случаи, покрај изречената глоба, се предвидува и привремено одземање на возилото, за возење на малолетен возач, пречекорување на дозволената брзина, превезување на друго лице или возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена“.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски

    24.06.2026 во 13:09

    Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ

    24.06.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.