Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски

    24.06.2026 во 13:09

    Финансиска полиција поднесе пријави против пет лица за измама со ИПАРД фондови од над 50 милиони денари

    24.06.2026 во 13:07

    Ангелов ќе одржи прес-конференција: Ќе се уништуваат две хемиски гранати со екстремно отровен боен отров

    24.06.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски
    • Финансиска полиција поднесе пријави против пет лица за измама со ИПАРД фондови од над 50 милиони денари
    • Ангелов ќе одржи прес-конференција: Ќе се уништуваат две хемиски гранати со екстремно отровен боен отров
    • Каснување од мајмун во Тајланд можна причина за смртта на познатата турска актерка од серијата „Шербет од брусница“
    • Ужасна трагедија: Бебе почина откако доживеа срцев удар во базен на Канарските Острови
    • Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика
    • Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието
    • Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски

    Петрушевски: Филипче наместо молк, да го осуди преседанот со дипломатската нота која ја наруши безбедноста на Мицкоски

    24.06.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Бране Петрушевски побара денеска реакција од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по објавувањето на дипломатската нота од страна на бугарските власти, со која, според партијата, директно се загрозува безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски.

    „Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, истакна Петрушевски на денешната прес-конференција.

    Пратеникот посочи дека политичките партнери на Филипче во Бугарија, предводени од претседателот Румен Радев, направиле невиден дипломатски преседан со јавното објавување на доверливи документи. На социјалната мрежа Фејсбук се појавиле детали за службените возила, имињата на патниците, локацијата каде престојувало семејството на Мицкоски, како и радиофреквенцијата на обезбедувањето, за што сè уште нема официјално извинување од Софија.

    „Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски“, обвини Петрушевски.

    Тој додаде дека ваквите сигнали од Софија јасно покажуваат дека македонскиот пат кон Европската Унија ќе биде полн со предизвици и притисоци. Наместо реакција и заштита на државните интереси, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче продолжува со молкот.

    „И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев“, подвлече Петрушевски, порачувајќи дека Македонија нема да се откаже и дека притисоците само даваат поголем мотив за достоинствен пат кон ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ

    24.06.2026 во 11:39

    Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија

    24.06.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.