Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието

    24.06.2026 во 12:08

    Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село

    24.06.2026 во 12:05

    ЦУК гради модерен систем: Со вештачка интелигенција и поддршка од НАТО ќе се управува со кризите

    24.06.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието
    • Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село
    • ЦУК гради модерен систем: Со вештачка интелигенција и поддршка од НАТО ќе се управува со кризите
    • (ФОТО) Обновени детските игралишта во Ценатр: Општината вложи милиони за нови реквизити во Капиштец и Дебар Маало
    • Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ
    • Опасност во жешките денови: Еве кои работи никако не смеете да ги оставите во автомобил на сонце
    • Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“
    • Многу топло низ Македонија, УХМР ги измери температурите – Следи интензивно невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието

    Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието

    24.06.2026 во 12:083 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука (МОН).

    „Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката Јаневска.

    Таа нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница. Меѓу значајните достигнувања ги посочи поддршката за талентираните ученици, покривањето на трошоците за меѓународни олимпијади, зголемениот број стипендии и унапредувањето на дуалното образование во кое се вклучени 1.000 компании.

    „Трета година по ред, сите ученици ќе ги добијат учебниците на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици кои со години недостигаа“, рече министерката, додавајќи дека се свежи сеќавањата кога децата пред неколку години се снаоѓаа копирајќи скрипти.

    Во делот на инклузивноста, обезбедени се 1.350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 во средното образование. За студентите е проширен опфатот на субвенционираниот оброк, олеснети се условите за стипендии и воведени се нови категории за лица со ретки болести.

    „Новиот Закон за високо образование кој го предлагаме, предвидува најдобрите студенти во секоја генерација, добитниците на инженерски прстен и други државни признанија, да имаат предност при вработување во јавните високообразовни и научни установи“, додаде таа.

    Во инфраструктурата се инвестирани околу 70 милиони евра за над 90 проекти, меѓу кои десетина нови училишта, реконструкција на студентски домови и деблокирање на изградбата на новиот објект за ФИНКИ. Дополнително, во 160 училишта е инсталирана ИТ опрема, а над 1.000 наставници се обучени за примена на вештачка интелигенција. Оптимизацијата на училишната мрежа донесе едносменско работење во над 200 училишта.

    „Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици“, рече Јаневска.

    Статусот на наставниците е подобрен со раст на платите за над 20 проценти во првите две години и обезбедено континуирано зголемување во следните четири години преку спогодба со СОНК. Воедно, во високото образование буџетот за универзитетите е зголемен од 3 милијарди денари во 2022 година на 8 милијарди денари во 2026 година, додека буџетот за наука порасна од 380 на 773 милиони денари.

    Јаневска потсети дека во 2024 година министерството наследило долгови од околу 5 милијарди денари кои биле сервисирани.

    „Запревме слободен пад и сега веќе Македонија забрзува. Образованието и науката се столб на развојот и затоа остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат подобри возможности за младите и поконкурентна држава“, порача министерката.

    Прочитај повеќе

    Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село

    24.06.2026 во 12:05

    ЦУК гради модерен систем: Со вештачка интелигенција и поддршка од НАТО ќе се управува со кризите

    24.06.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.