Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ

    24.06.2026 во 11:39

    Опасност во жешките денови: Еве кои работи никако не смеете да ги оставите во автомобил на сонце

    24.06.2026 во 11:30

    Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“

    24.06.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ
    • Опасност во жешките денови: Еве кои работи никако не смеете да ги оставите во автомобил на сонце
    • Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“
    • Многу топло низ Македонија, УХМР ги измери температурите – Следи интензивно невреме
    • ФОТО: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”
    • Јаневска со отчет за сработеното: Зголемени инвестиции и реформи во образованието
    • ВИДЕО: Мала срна нападната од куче спасена на Пелистер
    • Европа гори на 40°C, а топлината штотуку пристигнува во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ

    Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ

    24.06.2026 во 11:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период.

    „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија“, истакна Муцунски.

    Во своето обраќање, министерот нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба: силното партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и активното членство во НАТО Алијансата.

    „Тоа се столбови на стабилност, безбедност и предвидливост. Тоа се столбови на држава која знае каде припаѓа и знае каде сака да оди“, порача Муцунски.

    Осврнувајќи се на резултатите од работата, тој посочи дека во изминатите две години биле реализирани повеќе од 110 работни посети во странство, повеќе од 400 средби и состаноци, од кои над 210 билатерални средби со државници, министри и високи претставници од целиот свет, додека државата била домаќин на повеќе од 40 европски и светски лидери и високи претставници.

    Во делот на европската интеграција, министерот ја потврди цврстата посветеност на Владата на реформите и европскиот пат, потсетувајќи на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, како и на добивањето на предфинансирањето од Планот за раст за Западен Балкан.

    „Европската комисија неодамна стави на располагање 65,7 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот. Со тоа вкупниот износ на средства ставени на располагање за нашата држава во рамки на Планот за раст достигна 142,1 милиони евра. Тоа не е симболика. Тоа е конкретна доверба преточена во конкретна поддршка“, истакна Муцунски.

    Говорејќи за односите со стратешките партнери, министерот нагласи дека државата била првата европска земја која одржала сесија на стратешкиот дијалог со новата администрација на Соединетите Американски Држави, со што дополнително биле продлабочени билатералните односи и стратешкото партнерство. Тој потсети и на склучените договори за стратешка соработка со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, како и на потпишаниот Меморандум за соработка со Обединетите Арапски Емирати.

    Министерот се осврна и на резултатите во мултилатералната дипломатија, посочувајќи ги членството во Советот за човекови права на Обединетите Нации, членството во ECOSOC, реизборот во Извршниот совет на OPCW и затворањето на постмониторинг-процедурата во Советот на Европа.

    На крајот од обраќањето, Муцунски порача дека надворешната политика мора да биде простор на национално единство и долгорочен државен интерес.

    „Можеме да се разликуваме во партиските погледи и да дебатираме за политики и пристапи. Но кога станува збор за достоинството, безбедноста и иднината на државата, мора да знаеме дека постојат прашања кои се поголеми од секоја влада и од секој политички циклус. Нашата задача е јасна: да градиме држава која е почитувана, безбедна, економски поврзана и европски интегрирана“, порача министерот Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија

    24.06.2026 во 10:59

    Ристески од Софија: Потребно трајно решение за статусот на возачите во Шенген

    24.06.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.