Close Menu
Press24
    Најново

    Паднаа Фејсбук, Инстаграм и ТикТок

    24.06.2026 во 09:26

    Дневен хороскоп: Шкорпиите ја преземаат контролата, Раковите ќе имаат одличен ден

    24.06.2026 во 09:15

    Ѓорчев се прости од Илиевски: Заедно поминавме многу, ќе недостасуваш

    24.06.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа Фејсбук, Инстаграм и ТикТок
    • Дневен хороскоп: Шкорпиите ја преземаат контролата, Раковите ќе имаат одличен ден
    • Ѓорчев се прости од Илиевски: Заедно поминавме многу, ќе недостасуваш
    • Денес се празнува Светиот апостол Вартоломеј
    • ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот
    • Истури дожд низ Македонија, Битола „рекордер“ – УХМР најавува уште посилно невреме
    • Македонецот дал две различни изјави – Како полицијата го разоткри по убиството на Ставрула
    • Мицкоски се прости од својот колега и пријател: Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа Фејсбук, Инстаграм и ТикТок

    Паднаа Фејсбук, Инстаграм и ТикТок

    24.06.2026 во 09:26Updated:24.06.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Корисници ширум светот доцна синоќа пријавуваа сериозни проблеми со пристапот до повеќе популарни онлајн платформи, социјални мрежи и телекомуникациски услуги. Според податоците од платформите за следење на прекини во сообраќајот, регистриран е нагол скок на пријави кај десетици глобални сервиси.

    Проблемите се евидентирани кај големите платформи за забава и комуникација како Steam, Instagram, YouTube, X (Twitter), Facebook и Roblox. Графиконите на мониторинг-системите покажуваат нагли пикови кои јасно укажуваат на прекини или драстично намалени перформанси.

    Покрај социјалните мрежи, во дефект се и дел од најголемите светски телекомуникациски оператори како AT&T, Verizon, T-Mobile, Spectrum и Xfinity.

    Техничките потешкотии не ги заобиколија ниту гејмерите. Зголемен број падови се пријавени и кај Nintendo eShop, како и кај популарните видеоигри Valorant и League of Legends, но и на апликацијата TikTok.

    Засега нема официјална потврда за точните причини за овој масовен прекин. Не е познато дали станува збор за поширок технички дефект, проблем со глобалната интернет-инфраструктура или изолирани дефекти кај самите компании.

    Надлежните инженерски тимови на погодените сервиси веќе работат на детекција на проблемот и нормализирање на интернет-сообраќајот.

    Прочитај повеќе

    Македонецот дал две различни изјави – Како полицијата го разоткри по убиството на Ставрула

    24.06.2026 во 08:45

    ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

    23.06.2026 во 22:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.