Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Палење на фестивалскиот оган и „Т’га за југ“ – Почнуваат Струшки вечери на поезијата

    Палење на фестивалскиот оган и „Т’га за југ“ – Почнуваат Струшки вечери на поезијата

    24.06.2026 во 08:082 Mins Read
    Струшки вечери на поезијата, постер
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со свечености во Струга денеска започнува 65-тото издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, една од најзначајните книжевни манифестации во регионот, која и оваа година ќе собере поети, преведувачи, критичари и љубители на литературата од повеќе земји.

    Стартот на фестивалската програма ќе биде означен со традиционалното садење дрво во Паркот на поезијата во чест на годинашната лауреатка на наградата „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга. Предвидено е и поетско читање посветено на нејзиното творештво.

    Официјалното отворање ќе се одржи вечерва со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“, по што ќе следува меѓународната поетска вечер „Меридијани“. Годинашното издание се одржува под мотото „Каде што живее поезијата“ и ќе трае до 29 јуни.

    Во рамки на првиот фестивалски ден ќе биде отворена и изложбата „Цвеќе, поезија, мир“ на македонскиот уметник Живко Поповски – Цветин, со која се одбележуваат четири децении од неговото учество на манифестацијата.

    Организаторите најавуваат побогата програма во однос на претходните години, со повеќе книжевни настани, меѓународни читања и промоции на нови изданија. Посебно место ќе имаат делата посветени на лауреатката Брасинга, како и изданијата на автори од Европа и светот.

    На програмата се и претставувања на кандидатите за наградата „Браќа Миладиновци“, средби со автори и издавачи, дискусии, книжевни промоции и традиционалните фестивалски настани што со години се препознатлив белег на Струшките вечери на поезијата.

    Свеченото врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ ќе се одржи во недела на Мостот на поезијата, додека завршницата на фестивалот е закажана за понеделник во Кавадарци.

    На јубилејното издание учество ќе земат околу 70 поети, преведувачи и литературни дејци од Македонија и од повеќе европски и светски земји, потврдувајќи ја улогата на Струга како едно од најзначајните светски собиралишта на поетската уметност.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.