Close Menu
Press24
    Најново

    Иванов: Поразително – двојно повеќе зборуваат за војна, отколку за мир, хармонија и просперитет

    23.06.2026 во 21:41

    Мелони ги смирува тензиите со Вашингтон: Односите со САД мора да се вратат во нормала

    23.06.2026 во 21:28

    Пожарникар побарал медицинска помош по гаснење на пожар во Гевгелија

    23.06.2026 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иванов: Поразително – двојно повеќе зборуваат за војна, отколку за мир, хармонија и просперитет
    • Мелони ги смирува тензиите со Вашингтон: Односите со САД мора да се вратат во нормала
    • Пожарникар побарал медицинска помош по гаснење на пожар во Гевгелија
    • Излетан товарен камион предизвика отежнат сообраќај кај Стража
    • Пеколен топлински бран ја парализира Европа: Итни предупредувања во 23 земји
    • Силно невреме во два града – УХМР со силно предупредување
    • Владата информира за судска пресуда за концесијата за Иловица
    • Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иванов: Поразително – двојно повеќе зборуваат за војна, отколку за мир, хармонија и просперитет

    Иванов: Поразително – двојно повеќе зборуваат за војна, отколку за мир, хармонија и просперитет

    23.06.2026 во 21:415 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Светот се соочува со безбедносна и демократска криза, зголемен број конфликти и промена на глобалниот поредок – униполарниот свет повеќе не постои и се движиме кон мултиполарен систем, со повеќе центри на моќ. Потребни се реформи, поголема соработка и нов пристап кон мирот и стабилноста – но НАТО останува клучен фактор за стабилност, особено на Балканот. Проширувањето на ЕУ е неизвесно, а според некои дури и блокирано, а балканските земји треба да бидат прагматични – да соработуваат и со ЕУ, но и со други глобални актери и да го искористат стратешкиот и економски потенцијал како мост меѓу Истокот и Западот.

    Ова беше порачано на првиотт панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“ на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што се одржува во Скопје на кој учествуаа: поранешниот претседател на Македонија 2009–2019 Ѓорге Иванов; шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу; поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ; поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација, основач и претседател на Chengwei Capital, основач на Клубот Пекинг за меѓународен дијалог, политиколог и еден од најистакнатите кинески аналитичари за меѓународни односи.

    Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, посочи дека ако се имаат во предвид сите извештаи за мерење на демократијата јасно може да се види трендот на опаѓање на демократијата и дека речиси две децении светот е во демократска рецесија, додека, ако се земе Самитот на Г7 и темите кои беа општата слика – сите ја менуваат својата улога и го користат моментот да се реформираат.

    -За жал можеме да кажеме дека и мирот е загрозен, во овој момент имаме 59 отворени конфликти на планетрано ниво. Војните веќе се без крај и не знаеме кога ќе завршат, но вреди да се биде ниту оптимисти, ниту песимист, туку реалист. Реализмот е основа да го сфатиме светот каков што е, и можеби тука повторно да си го прочитаме Дарвин за потеклото на видовите, кој кажува дека „не опстојуваат најсилните, туку најприлагодливите“. Тоа е мотото дека мора да се прилагодуваме за да преживееме, а ако сме само неми набљудувачи ќе бидеме жртви – порача Иванов.

    Иванов, се осврна на извештајот на Марио Драги за конкурентноста на ЕУ во кој предвидува дека Европа за да остане релевантна и компетитивна на меѓународен план треба годишно да троши 800 милијарди евра на развој, додека во исто време, претседателката на ЕК Фон дер Лајен вели дека во следните неколку години Европа мора да одвои исто толку средства на оружје и одбрана.

    – Европа е создадена да има мир во регион полн со војни, но сега кој лидер и политичар во Европа зборува за мир. Поразителен одговор, двојно повеќе зборуваат за војна, отколку за мир, хармонија и просперитет. После војната во Иран, за првпат европските граѓани живеат полошо од било кога во својата историја и за првпат во историјата, младите луѓе во Европа живеат полошо од своите родители, а единствено место во светот каде младите живеат подобро од своите родители е Кина – порача Иванов.

    Светот, нагласи Иванов, не стои и се движи и кој ќе се качи на возот ќе стигне до целта, а кој не ќе остане да чека и пее тажни песни.

    Шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, порача дека кога се зборува за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и Балканот треба да се има на ум улогата на НАТО во регионот, нагласувајќи дека НАТО бил и е гарант за безбедноста на многу држави во регионот.

    -Присуството на НАТО и во иднина ќе биде клучно за одржување на мирот и стабилноста во регионот, но не треба се да очекуваме од сојузникот САД, туку и европските сојузници, исто така, треба да се присутни… Верувам дека безбедноста на Балканот, Европа и Турција е неразделна и затоа верувам дека евроинтеграциите, во овој регион се особено клучни и се надевам дека Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ во блиска иднина – изјави Чавушоглу.

    Дополнителните условување надвор од преговарачките поглавја наметнати на Македонија и македонскиот народ, според Чавушоглу се нефер и сурови.

    -Од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ… Турција е за соработка и против создавање нови поделби на Балканот. Турција е подготвена да ги поддржи сите напори за мир, безбедност и економска соработка во регионот. Верувам дека ЕУ интеграцијата на регионот ќе забрза во иднина и НАТО ќе продолжи да игра значајна улога во Југоисточна Европа и Балканот – изјави Чавушоглу.

    Според Чавушоглу Турција е за реформа на меѓународниот систем и ОН, а верува дека и ЕУ треба самата да се реформира.

    Прочитај повеќе

    Пожарникар побарал медицинска помош по гаснење на пожар во Гевгелија

    23.06.2026 во 21:02

    Излетан товарен камион предизвика отежнат сообраќај кај Стража

    23.06.2026 во 20:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.