Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

    Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

    23.06.2026 во 19:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до опозицијата дека реформите во правосудството нема да бидат заложник на политички опструкции и дневнополитички пресметки.

    „Јас секако можам да ве оставам да ме навредувате затоа што го сметам за одраз на политичка фрустрација, немоќ и одраз на домашно воспитување. Но, не можам и нема да дозволам да глумите лажна загриженост пред македонската јавност и да се обидувате да манипулирате со фактите.Искрено, ми е жал што вчера беше прекината расправата  и што имавме закажано состанок на работната група за измените на Изборниот законик. Тоа е иста онаа работна група од која што вие отсуствувате, со очигледна намера да го бојкотирате реформскиот процес. Јас, тоа секако не можам, и не смеам да го дозволам “, порача министерот Филков.

    Министерот Филков потсети дека сите реформски закони што ги подготвува Министерството за правда минуваат низ транспарентна и инклузивна постапка.  Законите за судска и за јавнообвинителска служба се подготвени низ широк консултативен процес и меѓуинституционално усогласени со Законот за административни службеници  и Законот за вработените во јавниот сектор. Со законските решенија се задржуваат постојните категории на работни места со цел да се обезбеди правна сигурност и стабилност на системот на судска и јавнообвинителска служба, како и да се зачуваат сите постојни работни места.

    Истовремено,  се гарантира заштита на сите стекнати права на вработените. Дополнителна гаранција претставува и фактот што правата утврдени со Колективниот договор, кои предвидуваат етапно зголемување на платите за речиси 40 проценти, се вградени во законските решенија. На тој начин се потврдува дека реформите се насочени кон унапредување на статусот и правата на вработените, а не кон нивно ограничување.

    Во процесот на подготовка на законите се спроведени повеќе консултации и со претставници на Европската комисија и СИГМА, со цел обезбедување усогласеност со европските стандарди и препораки.

    „Нема да ви дозволам да манипулирате со вистината. Да сакавте во изминатите години да дадете барем еден конструктивен предлог, ќе составевте барем еден добар закон. Наместо тоа, денес ние во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот“, порача министерот Филков.

    Со донесувањето на овие закони се очекува исполнување на обврските преземени во рамките на Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и дополнително јакнење на капацитетите на правосудните институции

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.