Нема одземање на стекнатите права, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
-Со предложениот и веќе усвоен амандман на член 166 од законот за судските службеници јасно и недвосмислено се гарантира дека вработените во судовите ќе ги задржат сите стекнати права, вклучително и правата поврзани со висината на платата, признаеното образование, категоријата во која се распоредени и статусот на судски службеници, истакна тој.
Порача дека нивна цел е силно, ефикасно и независно судство, но и почитување на достоинството на луѓето кои секојдневно го носат товарот на судската администрација.
-Го гарантираме статусот на судските службеници. Ги гарантираме стекнатите права. Ги гарантираме платите и работните места, истакна Пренџов.
Тој порача дека продолжува седницата и втората точка за предлог – законот за јавнообвинителска служба.

