Close Menu
Press24
    Најново

    Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра

    23.06.2026 во 16:08

    Вишиот управен суд донесе пресуда за концесиите за рудникот Иловица, Владата вели дека мора да ја почитува

    23.06.2026 во 16:00

    Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари

    23.06.2026 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра
    • Вишиот управен суд донесе пресуда за концесиите за рудникот Иловица, Владата вели дека мора да ја почитува
    • Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари
    • Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“
    • Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата
    • МВР: Приведени 15 возачи, меѓу нив и малолетници без возачки дозволи
    • (ВИДЕО) Жерновски со „наградно прашање“: Во која земја по Бугарија има најмногу бугарски државјани во Владата?
    • Три активни пожари во Македонија, гори Пробиштип, Свети Николе и Богданци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра

    Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра

    23.06.2026 во 16:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката полиција уапси три лица, а уште 105 се осомничени како дел од криминална организација која преку манипулации на броила вршела масовна кражба на електрична енергија во повеќе региони низ Грција.

    Според првичните проценки на истражните органи, со овие нелегални активности е предизвикана материјална штета која надминува девет милиони евра.

    Полициската акција започнала во текот на денешниот ден во реонот на Солун, а се спроведува во координација со надлежните енергетски служби во земјата.

    Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање на криминалната организација „чии членови вршеле специјализирани манипулации на електрични броила на ДЕДДИЕ (во деловни објекти и домови) во регионите Атика, Македонија, Тракија, Тесалија и Пелопонез, со цел кражба на електрична енергија“.

    Кражбите биле добро организирани и таргетирале деловни објекти и приватни куќи во речиси сите клучни региони низ Грција.

    Досега се уапсени тројца клучни членови на организацијата, додека вкупно 105 лица се осомничени како вршители на кражби на струја. Штетата нанесена на ДЕДДИЕ надминува девет милиони евра, информираа од полицијата.

    Истрагата за случајот продолжува со цел да се утврди дали во мрежата биле вклучени и други правни или физички лица.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Убиецот срдечно се ракувал со жртвата, па му пукал во глава одзади – Убиство го потресе Белград

    23.06.2026 во 10:27

    Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија

    23.06.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.