Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт

    23.06.2026 во 09:27

    Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија

    23.06.2026 во 09:23

    Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиство во Грција: „Невин е, го поддржувам до смрт, таа беше чудна жена”

    23.06.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт
    • Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија
    • Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиство во Грција: „Невин е, го поддржувам до смрт, таа беше чудна жена”
    • СДСМ: Наместо повисоки плати за народот, парите Владата ги троши за криминални партиски тендери
    • Пресврт во односите: САД привремено ги укинаа санкциите за иранска нафта
    • Многу топло од рано наутро, па вистински пресврт – УХМР со метео предупредување за попладне
    • Трамп: САД трошат за одбрана на Европа, а сојузниците не возвраќаат – „тоа е глупаво“
    • Умерен интензитет на патиштата утринава – АМСМ со апел за внимателно возење поради одрони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт

    ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт

    23.06.2026 во 09:272 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    Интегрален текст од Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ:

    Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера.

    Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги засегаат македонските национални интереси.

    Додека Бугарија продолжува да го негира македонскиот јазик, да ја фалсификува историјата и да го оспорува македонскиот идентитет, Филипче не гледа проблем во тоа. Наместо јасно и гласно да застане во одбрана на државните и националните позиции, тој ги релативизира навредите и ги минимизира заканите со кои се соочува Македонија.

    За Филипче нема црвени линии. Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија.

    Ставовите на Филипче не се ништо друго освен продолжение на политиките на СДС кои донесоа понижувања, отстапки и штета за македонските национални позиции.

    Разликата е што Филипче денес покажува уште поголема подготвеност од Заев за нови отстапки и нови порази.

    Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања. Кога треба да се оправдаат условувањата од Софија е најгласен, а кога треба да се брани Македонија е најтивок.

    Граѓаните добро паметат што значеа политиките на Заев и СДС. Затоа нема да дозволат истата политика на национални отстапки да се врати под ново име и со нов извршител.

    Времето на понижувања заврши. Граѓаните ќе знаат да препознаат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен да ја продава за политичка функција.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија

    23.06.2026 во 09:23

    Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиство во Грција: „Невин е, го поддржувам до смрт, таа беше чудна жена”

    23.06.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.