Прекин во водоснабдувањето денеска од 09:30 часот ќе има кај дел од корисниците на улиците „Владимир Назор“ и „Кумровец“ во општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причината за прекинот е изведување нов водоводен приклучок со дијаметар ф-80 мм на улица „Владимир Назор“ број 14.

